Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ цела година ја враќа Македонија назад
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Владата на СДСМ една година ја враќа назад државата во секој поглед. Како што велат од таму, една година економијата е во стагнација, без никаков раст, една година државата е заробена, судовите работат по диктат, а институциите се злоупотребуваат од власта.
„Граѓаните се разочарани од власта. Една година откако СДСМ е на власт, нема ништо од ветувањата за 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, поврат на 15% ДДВ, социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Се што вети СДСМ е голема лага.
Граѓаните живеат полошо од пред една година. Платите паѓаат, цените на мало се зголемуваат. Количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес.
Нема ниту една капитална инвестиција, а јавниот долг надмина 5 милијарди евра. Милиони задолжување секој месец, а граѓаните не знаат каде завршуваат парите кои идните генерации ќе ги враќаат.
Додека сите се се посиромашни, се богати само Заев и картелот кој го води. За една година Заеви го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.
Правната држава стана мисловен поим, а судството не одлучува по закон, туку по диктат на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води.
Една година СДСМ е една година чемер и јад за граѓаните. Една година СДСМ е една година стагнација, неработа и безидејност. Република Македонија мора да продолжи по вистинскиот пат, СДСМ не е иднината која ја посакуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, кои се излажани од оваа недемократска и ненародна власт, на 2 јуни во 20 часот пред владата на голем протестен митинг против криминалот и корупцијата на власта, против аматеризмот во водењето на државата и расфрлањето со државните интереси“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски се фотографираше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.
Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида, по што Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.
Одбележувањето продолжи со традиционален марш кон месноста Петлец, местото каде што Груев го положи својот живот за идејата за слободна и независна Македонија.
Настанот се реализираше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Берово, со присуство на бројни граѓани, партиски претставници и почитувачи на македонската револуционерна историја.
Македонија
Ја претепал вонбрачната партнерка со трпезариска столица, па ја силувал откако тешко ја повредил
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
-Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија, стои во соопштението на ЈОРСМ.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оттаму додаваат дека притоа особено се ценела опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.
Македонија
Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас
Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно Диско Селекторе“, напиша тој на Фејсбук.

