Македонија
(Видео) Арсовски обвини за нелегални трансакции и сомнителни задолжувања во СДСМ

Сомнителни трансакции, сомнителни кредити и задолжувања, сомнително финансирање преку чланарини на кои што не се знаат членовите на општинските организации ниту колку, ниту кому уплаќале. Ова се констатациите на државниот ревизор за начинот на работење на СДСМ под водство на Зоран Заев, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој прашува дали Заев и СДСМ ги исплаќаат долговите со пари од народот и дали со тоа ги исплаќаат и сомнителните кредитирања за финансирањата на неговата партија?
„Од извештајот на државниот ревизор јасно се гледа дека СДСМ нема обезбедено документација за имотот на партијата. Зошто сè уште не е обезбедена ваква документација? Дали тоа значи дека СДСМ сака да земе имот без да го плати? Дали имотот на СДСМ е донација и колкава е донацијата бидејќи законот не дозволува правно лице, кое и да е, не може да донира повеќе од 56.000 евра односно 150 плати или кај физички лица 75 плати?“, праша Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).