Македонија
(Видео) Мицкоски: Предвремени избори мора да има
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестот пред Влада побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, следната година. Тој порача дека 2 јуни е почеток на крајот на, како што рече, неславното владеење на СДСМ.
„Ајде да ги застанеме додека не е предоцна. Избори мора да има. Предвремени парламентрани избори заедно со претседателските. Ајде да формираме техничка влада на 100 дена пред изборите и да видиме дали народот се согласува со ова што го прави Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.

Според него ова биле исторски мигови за Македонија и дека сега е потребна сила, одговорност и одлучност. Тој порача дека чашата е прелиена, дека вака не може и мора да има промена. Според него, актуелната влада сметала дека нема да има народ на митингот, а се служела со заплашувања и уцени, но според него, сите се тука.
„Мислеа дека нема да излезе народ. Ни се закануваа дека ќе нè бркаат од работа. Сакаа да се исплашите и да бегате. Народот македонски се исправа на нозе тогаш кога е најтешко и најпотребно“, рече Мицкоски.

Тој порача дека секоја власт која е подарена нема долго да трае. „Пораката е една и единствена: доста е. На една година откако Зоран Заев и неговите роднини ја преземаа власта дојде време да се собереме во вистински час. Ветувањата на Заев станаа вицови. За нив е исто дали е Словенија или Словачка. Тоа се неговите способности. Кога рече “No discussion for identity”, видовме дека тој одлучувал во свое име”, рече Мицкоски.
Тој истакна дека е оптимист сум затоа што, како што кажа, мојата земја и мојот народ е во прашање.

„Помина една година на терористички терор, економски неуспеси, лажни ветувања, година кога народот се соочува со вистината. Нема повисоки пензии, болниците пропаѓаат. Цените ги плаќаат со нивните животи. Студентите се разочарани. Замина животот во градовите и селата. Владата ги разочара младите. Имаме ситуација каде министерството за внатрешни работи апси и кога има политички монтирани случаи. Криминалците на слобода, патриотите во затвор”, вели Мицкоски. Во обраќањето, тој рече дека НАТО нема да ги намали хектарите марихуана на Заев.
Рече дека треба да се создаде систем каде квалитетите ќе имаат тежина, а не дали некој се знае со Заев или друг висок функционер. „Тоа го имаше и за време на ВМРО-ДПМНЕ, но мора да престане“, рече Мицкоски.

Истакна дека на Македонија ѝ треба реформиран СДСМ. „И таму има многу квалитетни луѓе кои не се согласуваат со политиките на владата, но прво мора да се порази Зоран Заев“, рече Мицкоски.
Во врска со прашањето за името, Мицкоски рече дека не може да гледа како некој си игра со интелигенцијата и трпеливоста на народот.
„Заев вели промената на Уставот не е промена на идентитетот, но тоа е нашата книга на родени. Заев ќе направи непоправлива штета од која нема назад. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на името“, истакна Мицкоски.

„Ќе нé заплашуваат гонат и притискаат, ќе ме критикуваат мене и оваа генерацija на партијата, но ќе им порачам ако некој мисли дека ќе се исплашиме се лаже. Не се плашиме кога Mакедонија е во прашање затоа што одиме по патот на вистината по патот на државата. Само 5 месеци сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и не барам за почеток да ми верувате на мене, барам да си верувате сами на себе“, порача Мицкоски.
Некои велат, додаде тој, се оградувам од старото раководство, некој, пак има сосема различна теорија. „Не барам да ми верувате целосно мене, туку на самите себе. Вие сте народот на Македонија. Патот нема да е краток и лесен, но ќе победиме ви ветувам“, рече Мицкоски.
Тој вети помал ДДВ, олеснителни даноци на компаниите, вложување во нов медицински кадар, вработување на 500 студенти секоја година, зголемување на платите во образованието, нови болници, подобра економија…
Виктор Јованов/Кристијан Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

