Македонија
Груевски не се појави пред Владата, го поддржа протестот само преку „Фејсбук“
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се појави на протестот што го организираше неговата партија пред Владата. Тој протестот го поддржа само преку „Фејсбук“ каде порача дека вечерва е добра можност на СДСМ да му се испрати јасна порака дека се потребни промени.
„Помина една година, а веќе ретко кој сеуште не ја препозна големата лага на СДСМ. Време е да им се испрати јасна порака. Дека знаеме и гледаме што се случува. Дека не се согласуваме. И дека сакаме промени. Вечерва е добра можност. Поддршка за денешниот собир. Македонија ќе победи“, напиша Груевски кој е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски
Меѓу присутните на протестот беа пратениците Даниела Рангелова, Илија Димовски и Влатко Ѓорчев, ексминистерката за култура Елизабета Канческа Милевска, ексградоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Меѓу присутните беше и Влатко Мијалков, додека неговиот брат Сашо Мијалков го следеше протестот преку прозор од зградата спроти Владата.

Елизабета Канческа Милевска

Влатко Мијалков

Даниела Рангелова

Влатко Ѓорчев

Зорица Чавкова


Стевче Јакимовски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

