Македонија
Град Скопје има пари за уште 300 барања за субвенции за велосипеди

Град Скопје денеска информира дека според предвидените финансиски средства за субвенции за купување велосипед, во моментот преостануваат средства за уште 300 барања.
Од Градот исто така објаснуваат дека од објавениот јавен повик (на 21 април годинава) до денеска се поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед, што говори за голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците.
Инаку, средствата што се субвенционираат се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50 отсто од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 90.000 денари за лице, со вклучен персонален данок на доход.
За субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди во буџетот на Град Скопје за 2018 година предвидени се 10 милиони денари, од кои 9 милиони денари се предвидени за субвенции за велосипеди, а еден милион денари за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.
Јавниот повик се реализира по принципот прв дојден, прв услужен. Субвенционирањето на граѓаните за набавка на велосипеди е една од мерките на Град Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки: финансиски е достапно, економски е исплатливо и претставува еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух.
Целиот јавен повик заинтересираните може да ги видат тука, а барањето за добивање субвенции може да се преземе на следната интернет-врска.
Правилникот за користење финансиски средства од буџетот на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување велосипеди за 2018 година е достапен на следниов линк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.
Македонија
Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.