Свет
Бомбаш самоубиец се разнесе на верски состанок на кој беа забранети самоубиствените напади

Во авганистанскиот главен град Кабул денеска експлодирала бомба поставена недалеку од местото каде што се одржуваше состанокот на Советот на улеми, на кој беше усвоена забрана за самоубиствени бомбашки напади.
Според првичните информации, најмалку осум лица загинале, а поголем број се повредени.
Состанокот на авганистанскиот Совет на улеми, кој го сочинуваат исламски свештеници, се одржа во огромен шатор во западниот дел на Кабул, каде што верските претставници се собраа да го осудат тероризмот и да повикаат на примирје, објави „Ројтерс“.
Според АП, бомбаш самоубиец активирал експлозивнa направа недалеку од влезот во шаторот во моментот кога завршил состанокот и учесниците почнале да заминуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето:
„Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова, можете ли да поверувате? И овојпат ќе опстане.“
По него, документот го потпишаа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ова е неверојатен ден за светот,“ изјави Трамп, додавајќи дека договорот е толку важен што ќе ja спречи Третата светска војна, која, според него, можела да избие на Блискиот Исток.
Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.