Контакт

Македонија

Шекеринска: Македонија прави сè и многу ризикува, ЕУ има можност да покаже почит кон тоа

Објавено пред

Телевизијата „Франс 24“ реализира две 17-минутни интервјуа со министерката Радмила Шекеринска, на француски и на англиски јазик, информираат од Министерството за одбрана. Притоа, како што се наведува, Шекеринска одговарала на прашања за шансите за евро-атлантска интеграција на Македонија, за спорот со Грција за името, борбата со корупцијата и реформите во судскиот систем.

dobivaj vesti na viber

На прашањето дали Македонија може да смета на поддршката од францускиот претседател Макрон за членство во ЕУ и НАТО, Шекеринска одговорила:

„Нашиот премиер имаше средба во Софија со претседателот Макрон и ние сме среќни што тој ја поддржува Македонија за членство во НАТО, но точно е дека Франција има малку поинаква позиција во врска со проширувањето на ЕУ. Треба да се знае дека во случајот со Македонија не зборуваме за членство во ЕУ, туку за започнување на преговорите. Тоа е нешто поинакво, тоа е тежок и долг процес, кој зависи од нас, од нашата моќ за промени и реформи, но и од земјите членки на ЕУ. Ќе ги употребам зборовите на Макрон – не треба да се чека кога ќе се појави можност. На Балканот сега се појави можност, а тоа не се случува често. И Европа сега кажува – да, има успех на Балканот. Ова е ретка можност за Македонија, која е полна со етнички и религиозни различности, но е функционална демократија“.

На директното прашање дали очекува на самитот во јуни Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, министерката вели дека е оптимист бидејќи за нешто да се одработи на Балканот, треба да се биде оптимист и да се работи. Во однос на аспирациите за прием на земјата во НАТО, министерката за одбрана изјавила дека земјава повеќе години работела на тоа и дека е подготвена.

„Јасно е дека Македонија е лојален партнер кој може да даде многу. Македонија е мала земја, која може да придонесе многу за стабилноста на Балканот“, рекла Шекеринска.

Во контекст на тоа што македонската влада може да промени нешто во поглед на корупцијата, Шекеринска вели дека истрагите и судските процеси што се во тек покажуваат дека никој не е над законот и дека тоа е порака и за новата Влада.

„Почнавме и со реформи за зголемување на транспарентноста на институциите, на Владата. Зборувам за отворена Влада, новинарите и медиумите имаат слободен пристап до информациите и тоа е еден вид притисок врз Владата и превенција од корупција“, изјавила министерката за одбрана во интервјуто за „Франс 24“ и Радио Франс интернационал.

Во второто интервју, на прашањето на новинарката од англофонската редакција, за шансите по самитот во јуни Македонија да почне преговори со Европската Унија, Шекеринска нагласила дека Македонија има 3 стратешки проблеми – интеретничките односи, проблемот со Грција и проблемот со Бугарија, кој траел речиси деценија.

„Ова е првата влада што се зафати со решавање на трите проблеми во период од помалку од 12 месеци и ако не ги цените и не ги поддржите овие промени, луѓето ќе помислат дека дури и кога има промени, нема реакција. Мислам дека ова ехо ќе биде многу важно за Балканот… Европската Унија има можност да покаже почит кон своите клучни вредности и спротивно на бранот на национализам и популизам во европскиот континент да каже дека кога ќе се случи промена во мал дел од европскиот континент, како Балканот, таа промена може да се прошири и на други места“, вели Шекеринска.

На прашањето за спорот за името, министерката истакнала дека напорно се работи за изнаоѓање решение.

„Работиме напорно, се надеваме дека ќе има решение и тоа бара многу храброст и посветеност, но бара посветеност и од страна на ЕУ. Ние во Македонија правиме сè, многу ризикуваме, но нашите граѓани очекуваат дека ова реално ќе ни ги отвори вратите. Не зборуваме за членство во ЕУ утре, зборуваме за почнување на преговорите, што е долг и тежок процес“, одговорила Шекеринска.

Македонија

Милошоски за Коцевски: Најдобро е да си поднесе оставка, бидејќи спонзорството од ДУИ и СДСМ само ќе му го руши угледот

Објавено пред

Со денешното гласање во Собранието паднаа маските околу тоа кој е политичкиот покровител на Државниот јавен обвинител Коцевски и неговото раководно друштво во обвинителството, напиша во објавата на социјалните мрежи Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, одговорот е јасен.

„Истите политичари од ДУИ и СДСМ кои во февруари 2024 година го предложија и гласаа „За“ изборот на Коцевски за јавен обвинител, денес не се осмелија да гласаат за негова недоверба. И покрај тоа што државниот обвинител има неколку крупни професионални грешки за кои заслужува разрешување, сепак фактот што токму Коцевски најдобро ги знае индициите за висока корупција направена од високи функционери од СДСМ е оној политички кредит што пратениците на Филипче и Оливер Спасовски мораат сеуште да го отплаќаат со заштита на функцијата на обвинителот“.

Како што оценува Милошоски, дури и пораката од СДСМ до Државниот обвинител дека од него зависело дали ќе бил “со штитот или на него”, повеќе звучи како кодиран сигнал од еден кон друг бизнис клан, отколку како парламентарен принцип поврзан со владеењето на правото.

Сепак, вели тој, добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана доследна на своите позиции и тука не треба да се застане.

„Иако денес ги видовме политичките покровители на Државниот обвинител во Собранието, сепак корозијата на репутацијата на ЈО во најголем ја прават десетина актери внатре во самото обвинителство. Заради ваквите околности, како и заради силната порака која денес ја доби од Собранието, најдобро е ЈО Коцевски да си поднесе оставка, бидејќи спонзорството од ДУИ и СДСМ само дополнително ќе му го руши и угледот, и интегритетот на обвинителството во целина“, пишува Милошоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

Објавено пред

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?
Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар“, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи на ѕидот на општината Кисела Вода по тешка сообраќајка на улицата.

dobivaj vesti na viber

„Години наназад алармираме на оваа улица се вози како на автопат! Нема лежечки полицајци, нема контрола. Се што некогаш беше поставено, одамна е уништено од нашите сонародници, во 3 часот ноќе со копач ги корнат и со камиони кочат на нив да ги одкорнат, а институциите молчат. Нивната незаинтересираност е директна закана за животите на жителите“, стои во објавата.

Доста е, како што вели во напишаното револтиран жител, со празни ветувања и молк.

„Бараме итни мерки, поставување на лежечки полицајци. Не утре, не, кога ќе има средства, туку сега пред да има мртви!
Ако општината и надлежните органи продолжат да си ги затвораат очите, секоја идна несреќа и секоја изгубена жртва ќе биде нивна одговорност нивно злосторство со премолчена дозвола!
Градоначалниче Орце Ѓорѓиевски, те повикуваме да реагираш!
Жителите на оваа улица очекуваат од тебе итно да се постават лежечки полицајци.
Време е безбедноста на граѓаните да биде на прво место пред да дојде до трагедија“, стои во напишаното на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

Објавено пред

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот.

dobivaj vesti na viber

Според последните информации од центарот, активни се три пожари на територија на државата, шест се под контрола а единаесет се изгаснати.

Активни се три пожари:

1. Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово:
с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп:
с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница (Опш. Новаци) и трет крак према границата со Р. Грција.
Не се интервенира поради детонации (мешана шума);
3. Општина Прилеп и Општина Кавадарци:
помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), и Галиште и Трстеник (Опш. Кавадарци)
(мешана шума и нискостеблеста вегетација);

Под контрола се шест пожари:
1. Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2. Општина Македонски Брод: с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);
3. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
4. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума);
5. Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
6. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума);

Изгаснати се 11 пожари:
1. Општина Струга: с. Велешта (запалено стрниште);
2. Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце, се шири кон селата Димонце и Коњух (Опш. Кратово) – загрозува куќи и помошни објекти (ниска вегетација);
3. Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
5. Општина Петровец: с. Средно и с. Долно Коњаре (мешана шума);
6. Општина Петровец: Катланово (ниска вегетација);
7. Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума);
8. Општина Новаци: с. Рапеш (запалени бали);
9. Општина Прилеп: с. Кантларци (ниска вегетација);
10. Општина Прилеп: ул. Јоска Јордановски (ниска вегетација);
11. Општина Охрид: с. Ботун (ниска вегетација).

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов попладнево појасни дека чешкиот „Блек Хок“ со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје и утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна.

Овој моќен хеликоптер со ведро од 3,4 тона како што појасни Ангелов, е дел од меѓународната помош која е најавена за да помогне во справување со пожарите во земјава. Помошта ќе дојде од Чешка и Словенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Драчево бара лежечки полицајци на „Јустинијан Први“: Не утре, туку сега, пред да има мртви

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто? Денеска повторно автомобил излета...

Македонија6 часа

Три активни пожари во државата, чешкиот „Блек Хок“ слета во Скопје, утре ќе гаси на Готен

На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според...

Свет9 часа

„Дедо, работи прво на Америка “: Медведев по ултиматумот на Трамп

Откако поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека Доналд Трамп не може да му поставува ултиматуми на Владимир Путин,...

Македонија11 часа

Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани...

Македонија12 часа

(Видео) Митрески: СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на обвинителот Коцевски

Интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот,...

Македонија14 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија15 часа

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија15 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија17 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија17 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија17 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија19 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет19 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион20 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет20 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија1 ден

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет1 ден

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион1 ден

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија2 дена

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...