Македонија
Ана Петровска од ДОМ – нов државен секретар во Министерството за животна средина

Ана Петровска, член на Извршниот одбор на ДОМ, е именувана за државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа е инжинер архитект со долгогодишно искуство во животната средина и просторното планирање. Била работно ангажирана во градежниот институт „Македонија“, Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови, „АБЦ консалтинг“, DHW, PM и Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа (РЕЦ). Ставена е на листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина, за стратегиска оцена на животната средина и управител со отпад, како и листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Ана Петровска има дадено придонес во апроксимацијата со правото на Европската Унија преку раководење многубројни проекти и процеси во земјата и Западен Балкан, а краткорочно била ангажирана и во Унгарија, Украина и во Грузија. Била и копретседавач на работна група за снабдување со енергија и паметни мрежи во рамките на европската платформа за паметни градови. Во Македонија дала особен придонес во отстранувањето на оловниот бензин и воведувањето горива со ултраниско учество на сулфур, создавањето услови за издавање под концесија на регионалното интегрирано управување со цврст отпад, спроведувањето на енергетска ефикасност во индустријата итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес – конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на која ги објави имињата на 19 кандидати за градоначалници.
„Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче. Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.
Македонија
СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници, а некои од нив се веќе споменати во јавноста.
За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
За Општина Аеродром, Александар Трајановски.
За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.
За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.
За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.
За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.
За Општина Лозово, Ацо Велковски.
За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Општина Богданци, Блаже Шопов.
Општина Дојран, Ристо Џинев.
Општина Могила – Зоран Ристевски.
Општина Неготино, Петар Мантев.
Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.
Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.
Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.
Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.
Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.
И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.
„Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните“, рече Филипче.
Според него, актуелните градоначалници направиле вистинска промена во општините Центар, Крушево, Крива Паланка.
Македонија
На граничните премини Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 15 – 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.