Економија
Граѓаните повторно ќе може да поднесуваат барања за приватизација на државно земјиште
Граѓаните повторно ќе може да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост. Министерството за финансии подготви измени на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување барање за приватизација на земјиштето. Со измените се даваат дополнителни три години рок, односно можност барањата да се поднесуваат до 31.12.2021 година. Инаку, рокот за поднесување барања истече на 15 декември 2014 година и од тој датум досега не можеа да се поднесуваат барања за приватизација.
Во изминатиот период пристигнаа многу реакции од граѓани што не успеале да го запазат рокот за поднесување барање за приватизација. Станува збор за граѓани што живееле во странство, но и граѓани што живеат во земјата, а не успеале да поднесат барање во рокот.
Бидејќи се продолжува рокот за поднесување барања, се пролонгираат и примените на одредбите за закуп, односно се одложува утврдувањето кирија за оние што нема да го приватизираат земјиштето. Освен рокот за барања за приватизација, се пролонгира и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост. Рокот за ова барање се пролонгира до 31 декември 2022 година. Исто така, се продолжува и рокот за барање за промена на барателот на приватизација на градежно земјиште. На пример, ако едно лице купи објект што се наоѓа на земјиште што е во постапка на приватизација, со измените на законот, наместо 30, ќе му стојат на располагање 60 дена за поднесување барање за промена на барател за приватизација. Досегашната примена на законот покажала дека рокот од 30 дена е прекраток, па со измените им се излегува во пресрет на граѓаните, соопшти Министерството за финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

