Економија
(Видео) Арсовски: Заев и Тевдовски ги задолжуваат граѓаните со нови 22.400.000 евра
Владата на Зоран Заев е единствената Влада што само се задолжува, а не работи ништо. Заев и Тевдовски денеска ги задолжуваат граѓаните со нови 22.400.000 евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, 22.400.000 евра денеска ќе се зголеми долгот во Република Македонија. „Очигледно е дека Заев и Тевдовски не знаат што прават. Задолжувања, задолжувања и само задолжувања. Ситуацијата е алармантна. Економијата крахира, стопанствениците секојдневно алармираат дека никогаш не било полошо од сега. Првпат во историјата на нашата држава јавниот долг се зголеми над 5 милијарди евра и ја проби психолошката граница од над 50 отсто. Само во првиот квартал од 2018 година СДСМ ги задолжи граѓаните со над 300 милиони евра нов нето-долг. Дополнително, според фискалната стратегија на оваа неспособна власт, до крајот на мандатот ќе го зголемат долгот над 6 милијарди евра. СДСМ да го наместеше бројчаникот на триумфалната капија, најверојатно досега или ќе прегореше или ќе требаше да доредат уште 2-3 нули повеќе“, рече Арсовски.
Тој додаде дека задолжувањата одат во плафон, економијата пропаѓа од ден на ден, а проекти нема никакви. „Ниту едно од ветувањата на овој картел на власт пред изборите не е исполнето. И, верувајте, нема ни да биде исполнето. Граѓаните својот револт кон погрешните политики на оваа Влада, неспособна и криминална власт, го искажаа во саботата на големиот сенароден протест што го организира ВМРО-ДПМНЕ пред Владата. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и со експертската јавност работи на програма што ќе биде решение и санација на сите проблеми што им ги наметна на граѓаните оваа ненародна и неспособна власт. Реална, издржана, почитувани, програма што ќе треба да се реализира во наредниот период, конкретна, со рокови и со визија. Ние ќе понудиме мерка за намален ДДВ на 2 отсто за артиклите што се најпотребни и најкористени од страна на граѓаните. Наместо зголемување на даноците, ние ќе понудиме дополнителни даночни олеснувања за сите компании што ќе вложат во развој на нови работни места“, изјави Арсовски.
Наместо повисока акциза за дизел-горивата, ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја намали. „Наместо стопирање на инвестициите во здравството, ние ќе изградиме нов лик на здравството преку масовен пакет на реконструкции, изградба на нови болници и ќе вложуваме во нов медицински кадар. Наместо одлив на млади и образовани кадри од нашата држава, ние ќе понудиме перспектива на младите и секоја учебна година ќе дадеме директна понуда за вработување 500 студенти. Наместо стагнација на образовниот кадар, ние во текот на нашиот мандат ќе обезбедиме покачување на примањата од 50 отсто. Наместо стагнација и намалување на пензиите, ние ќе им ги покачиме пензиите на пензионерите до 40 отсто. Наместо безидејност, криминал, корупција, неспособност и хаос што го нуди оваа Влада на СДСМ и Заев, ние ќе понудиме идеја, визија, реални и конкретни и издржани проекти и иднина и просперитет на нашата држава и идните генерации во неа. Граѓаните се охрабруваат и кажуваат: Доста е! Овој криминален картел на власт мора да падне и да се разбие“, изјави Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

