Свет
„Амнести интернешнл“: Нападите на коалицијата во Рака го прекршија меѓународното право
Нападите на коалицијата преводена од САД над терористичката организација Исламска држава во сирискиот град Рака минатата година го прекршија меѓународното право преку загрозувањето на животите на цивилите, соопштиле од организацијата „Амнести интернешнл“ во вторникот, пренесува „Ројтерс“.
За време на кампањата за освојувањето на Рака коалицијата не ги зела предвид цивилите и не применила соодветни мерки за да ја намали опасноста за нивните животи, потенцирале од организацијата.
Коалицијата, пак, одговорила дека била внимателна во поглед на цивилите и дека ги истражила сите наводи во врска со овие случувања. Кампањата за освојувањето на Рака траеше од јуни до октомври минатата година и беше спроведена од страна на Сириските демократски сили (СДФ), алијанса од курдски и арапски милиции, поддржана од страна на авиони на коалицијата, како и нивни специјални сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пет училишта во Сараево добија дојава за бомба: Во тек е евакуација и увид
Денеска во пет училишта во Сараево пристигнале дојави за подметнати бомби, потврди портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Како што пренесува сараевскиот портал Кликс, извештаите за поставени бомби стигнале до Високата музичка школа, Гимназијата Обала, Средното училиште за применета уметност и Електротехничкото училиште за енергетика.
Дополнително, пишува Кликс, читателите ги информирале дека дојава за бомба била поставена и во училишниот центар Маариф во Мојмил.
Полицијата во моментов е на терен. Во некои училишта се уште е во тек евакуацијата на персоналот и учениците.
Свет
Тони Блер: Треба да донесеме трета страна за да ја завршиме војната во Газа
Поранешниот британски лидер Тони Блер денеска изјави дека треба да се донесе трета страна да управува со Газа за да се стави крај на војната во областа, истовремено изразувајќи ја поддршката за војната на Израел против либанското движење Хезболах.
Кога Блер беше британски премиер за време на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, тој го поддржуваше Израел и се спротивстави на повиците на неговата влада да воведе ембарго, пренесува „Политико“.
Тој ги поврза сегашните непријателства со кршењето на Хезболах на резолуцијата за прекин на огнот од 2006 година на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува движењето да се повлече од границата со Израел и да се разоружа.
Регион
Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран
Бугарија денеска ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Иран поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, јавува „Анадолија“.
На Бугарите им се препорачува строго да ги следат безбедносните упатства на локалните власти, да бидат информирани за ситуацијата и да избегнуваат посета на воени локации и масовни собири“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Се препорачува бугарските државјани во Иран веднаш да стапат во контакт со бугарската амбасада во Техеран за да дадат детали за своето место на живеење и планираното времетраење на престојот или со јавување во Амбасадата или преку е-пошта до Генералниот конзулат во Техеран.