Македонија
Манчевски: Обезбедуваме услови Македонија да биде место за развој на нови ИК-технологии
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска беше дел од GÉANT инфо-денот, каде што беше промовиран GÉANT како паневропска академска и истражувачка мрежа.
Министерот Манчевски зборуваше за заложбите на МИОА и Владата во делот на спроведување на дигиталната агенда и соработката помеѓу бизнис-заедницата, академијата и граѓанскиот сектор.
„Дигиталната трансформација не е лесна. Тоа, всушност, е доста скап потфат. За да се оствари, потребни се инвестиции во инфраструктурата, но и во човечките ресурси. Но, конечно, имаме свест. Конечно, сите ние сме заедно, владините институции, бизнисите, академијата. Не само од Македонија туку и од сите балкански земји во заеднички напори да направиме нешто повеќе за нашите граѓани. Имаме волја, посветеност и соработка заедно да ја прифатиме промената. Многу ми е мило што гледам дека еден од столбовите на новата стратегија на ЕУ е дигитализацијата. Агендата на комесарката Габриел е тесно поврзана со политиките на 6-те економии од Западен Балкан и заеднички се трудиме да ги подобриме животните стандарди на нашите граѓани“, истакна министерот Манчевски.
Зборувајќи за проектите на кои во моментот работи МИОА, министерот Манчевски се осврна на технолошкиот парк, кој до крајот на оваа година треба да биде пуштен во употреба.
„Технолошкиот парк е едно од проектите за обезбедување инфраструктурна и финансиска поддршка за иновативните активности. Владата ќе дејствува како ангелски фонд, кој ќе ги поддржи новите компании во своите најризични фази на развој. Воспоставувањето модерен парк за наука и технологија е иницијатива што има цел да ја зајакне конкурентноста на водечките индустрии во земјата и да го поттикне развојот на нови сектори.
Технолошкиот парк е мерка за поддршка на микро, мали и средни претпријатија како еден од трите столба на планот за економски раст на Македонија. Другите два столба се однесуваат на мерки за финансиска поддршка за нови гринфилд и браунфилд-инвестиции, создавање нови и подобри работни места, технолошки развој и истражување, како и подобрување на деловната соработка и неповратната поддршка за компаниите. Овие два столба ќе се имплементираат преку новиот закон за финансиска поддршка на инвестициите“, информира министерот.
Придобивките од реализација на мерките предвидени во овие три столба се големи. Ова ќе доведе до поддршка на новите претпријатија, намалување на невработеноста, зајакнување на конкурентноста, ефикасност и продуктивност, поттикнување на соработка помеѓу домашни и странски компании, како и зголемување на инвестициите.
„За вас како истражувачи и научници, важно е да се знае дека сакаме да ја промовираме Македонија како место за тестирање за новите ИКТ-технологии. Комбинацијата на отворени институции, капацитети за истражување и развој, висококвалификувани професионалци, финансиска и логистичка поддршка за нови иновативни компании и новата енергетска инвестициска околина е совршена дестинација, дури и за високоразвиените ИКТ-компании да ги тестираат своите нови технологии во Македонија. Во првиот квартал од оваа година Македонија оствари рекордно високо ниво странски инвестиции. Ги поздравуваме сите што сакаат да сакаат да ја изразат својата иновација“, заклучи министерот пренесувајќи ги главните заложби на Владата во контекст на создавање конкурентна економија, одржлив економски развој и висок животен стандард на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на средби со технолошки лидери во САД: разговарано за теми од клучно значење за развојот на безбедна дигитална инфраструктура
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers).
На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои: вештачка интелигенција и нови технологии со фокус на доверливост и валидација, сајбер безбедност и национална сајбер-отпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.
Средбата вклучи разговори со Beth Meinert (виш потпретседател и генерален директор), како и со Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност, и како институциите можат да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Министерот Андоновски имаше можност да го посети и иновацискиот центар за истражување на MITRE, известува Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски заедно со владината делегација, која ја сочинуваат Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, и Златко Перински, Министер за локална самоуправа, остварија средба и со претставници на Microsoft, при што разговараа со Коззета Гарет, General Manager for Cyber Security Services во Microsoft, за актуелни предизвици и можности за унапредување на сајбер безбедноста, зајакнување на отпорноста на јавните системи и поддршка на дигиталната трансформација.
Делегацијата во САД ќе присуствува и на Молитвениот појадок, како дел од официјалната агенда на посетата.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

