Македонија
Министерство за здравство: Нема да се плаќа партиципација за пациентите на онкологија

Министерството за здравство информира дека нема да се плаќа партиципација за преглед и лабораторија на пациентите на онкологија. Во програмата за партиципација при користење здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година е наведено дека таа опфаќа лекување на малигните болести со хируршки третман, зрачење и апликација на хемотерапија (цитостатици). Видот и начинот на третманот зависи од природата и стадиумот на болеста.
Со оваа програма се обезбедуваат средства за партиципација за осигурените лица, а тие правата од здравствената заштита ги остваруваат врз основа на своето здравствено осигурување.
„Според оваа програма, за сè што е поврзано со малигни болести не треба да се наплаќа партиципација. Лекувањето на карциномите опфаќа, покрај хируршки третман, зрачење и апликација на хемотерапија, следење на болеста, периодични прегледи и лаборатории.
Иако во оваа програма јасно не е наведено дека партиципацијата за прегледи, лабораторија и пункции нема да се наплаќа, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување цврсто го потврдуваат ставот дека целиот тек на следење и лекување на малигните болести се ослободува од партиципација. Дополнително како Влада работиме и на ослободување од партиципација и за други категории осигуреници“, информира Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).