Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Сенков со месеци беше во притвор само поради политичка одмазда
Сашо Сенков ни крив ни должен со месеци беше во притвор само заради политичка одмазда на СДСМ кон сите што мислат поинаку, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинетиот за убиство на пратеникот Зијадин Села кога вчера Обвинителството го повлече обвинението против него.
Од опозициската партија додаваат дека на Сашо Сенков му биле погазени сите права и без никаква основа и докази бил политички обвинет од страна на клиентелистичкото обвинителство на СДСМ.
„Зоран Заев и неговите послушници не ги интересира ниту здравствената состојба ниту семејството на Сенков. Ги интересира само спроведувањето на наредбата за одмазда. Одговорност за ваквото однесување мора да има и ќе има. Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат и на случајот со Александар Јанески – Тошта, кој вчера на носилка беше изнесен од судницата.
„Судот не го интересира ниту неговото здравје ниту фактите на одбраната. Веќе една година живееме во целосно заробена држава. Станавме држава во која Зоран Заев, иако флагрантно е фатен во кривично дело, е ослободен само затоа што е премиер, а во исто време неговите политички противници се осудуваат без докази, само затоа што размислуваат поинаку од Зоран Заев“, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека изминала цела година на политички апсења и прогон.
„Една година СДСМ создава гнилеж во општеството. Една година тортура, апсења, упади и терор. Една година СДСМ е кошмар за граѓаните. Година во која народот се соочува со фактот дека ветуваше сè и сешто, а не исполни ништо. Овој хаос мора да запре. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“, велат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

