Македонија
Нема услови за референдум и фер избори, велат од ГДУ
Од Граѓанско демократска унија сметаат дека нема функционална Државна изборна комисија, ниту пак прочистен Избирачки список, како ни волја за професионализација на највисокото изборно тело, а, како што велат, се најавува реферндум за името, како и предвремени парламентарни избори.
„Нема кој да го прочисти избирачкиот список кој е клучен во овие процеси. И најтрагично е што „големите лидери“ воопшто не го споменуваат ова прашање. Дали намерно се тактизира и молчи за ова, за да може после да се оспорува евентуалниот референдум? Или изборните резултати? Во Македонија со Избирачкиот список се прават експерименти само пред избори. Ако внимателно ги читаме Извештаите од ОБСЕ/ОДИХР, Македонија во изминативе години на плурализам, изборите биле далеку од фер и демократски, ама после избори ова се занемарува. Како и вообичаено лидерите на парламентарните партии не се заинтересирани за професионализација на ДИК и ослободување од политички влијанија“ се наведува во соопштението на ГДУ.
Целокупниот просец на изборни реформи во државава оди бавно, велат од ГДУ, ништо не е транспарентно и немаме никаква гаранција за фер, демократски и слободен избор.
„Мора да се реши хаосот со Избирачкиот список, во спротивно не можеме ништо да спроведеме без манипулации и оспорувања, под итно мора да се најде решение за црните дупки во Изборниот законик и да се поработи на поголемо едуцирање на изборните комисии и гласачкото тело. И за да ја вратиме демократија мора да го напуштиме моделот со шест изборни единици и да го воведеме моделот Македонија да биде една изборна единица со отворени листи“ се додава во соопштението.
Од таму порачуваат дека сите овие прашања никако не смеат да бидат во функција на меѓупартиски договарања и надмудрување! Според ГДУ, јавноста мора да биде коректор и контролор на овие важни процеси со цел да се спречи понатамошно партизирање на институциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

