Македонија
Чешка донира милион евра за техничка опрема во МВР
Министерството за внатрешни работи доби донација од Чешка во висина од 25 милиони чешки круни или еден милион евра, а наменети за зголемување на капацитетите на македонската полиција, односно за набавка на техничка опрема за справување со последиците од мигрантската криза.
Со оваа донација Чешка досега за потребите на македонската полиција донира материјално-технички и финансиски средства во висина од 3.000.000 евра. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ја посочи важната улога на чешките полициски службеници во остварувањето поуспешен надзор и контрола на државната граница на Република Македонија кон нашиот јужен сосед.
Како резултат на таа соработка во овој проект започнат во 2016 година Министерството за внатрешни работи на Чешка до почетокот на август оваа година ќе упати 734 чешки полициски службеници на територија на Македонија распределени во 19 контингенти, кои заедно со македонските полициски службеници вршат надзор и контрола на јужната граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

