Економија
(Видео) Стоилковски: Повеќе од 16 часа не работи вториот блок во РЕК Битола
Неспособноста на раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги чини граѓаните и време и пари, за сметка на тендерите на фирми блиски до кланот на Евро Заеви, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Еден од двата функционални блокови во РЕК Битола, како што велат од партијата, цела ноќ, повеќе од 16 часа е надвор од употреба.
„Од синоќа функционален е само еден од двата блока. Блоковите се на граница на технички минимум, бидејќи и блокот кој сега е во погон има технички проблеми, кои во секој момент може да доведат до испад. Пресметката вели дека еден час неработа на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 7600 евра, додека еден ден неработа дури 182.400 евра. Од синоќа до сега загубата од непроизведена електрична енергија е над 121 илјада евра“ изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски вели дека пред само неколку месеци е извршен ремонт на вториот блок тежок неколку милиони евра. Недозволиво е, според него, по толку скап ремонт, истиот блок два пати во рок од десет дена да паѓа од мрежа!
„Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори, зошто по толку скап ремонт, по само десетина дена два пати се расипува вториот блок? Дали РЕК Битола, која троши милиони евра за делење на тендери на фирмите блиски до кланот Евро Заеви, сега залудно потроши дополнителни милиони евра на неефективен ремонт? Заради неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола, се уште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи„ вели Стоилковски.
Како што додава тој, картелот на власт функционира само за да ги задоволи потребите на ЕВРО Заев. Државните ресурси, вели Стоилковски, се само средство за остварување на таа цел.
„Во оваа година покажа целосна неспособност како да се управува со енергетиката и енергетскиот сектор во државата. Таа неспособност да се менаџира со термоцентралите, предизвика во пресрет на летниот односно сушен период да се трошат резервите на хидроцентралите. Една година на Зоран Евро Заев во енергетиката е еднаква на голема катастрофа. Злоупотребите и неодговорното однесување мора да запрат. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Македонија ќе победи“ порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

