Економија
Мицкоски: И официјално Светска банка ги намали прогнозите за економски раст
По катастрофалниот економски раст од само 0.1% на македонската економија во првиот квартал годинава, со што државава оствари убедливо најслаб резултат во Европа, и Светска банка направи официјална корекција на проекциите за економскиот раст со што ги намали истите со кој што ќе расте македонската економија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Светска Банка во својот извештај Global Economic Prospects за Јуни 2018 ја ревидираше оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година.
Ќе потсетам дека растот од 2,3 % е далеку понизок од 5 % раст годишен колку што ветуваше Зоран Заев за време на кампањата на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Светска банка за 1 % ги намали проекциите за раст и за наредните две години. Фијаското во растот на македонската економијата е реалноста во која што живеат граѓаните. Со ваквите прогнози Македонија останува закована на дното во Европа, додека сите други економии без исклучок одат напред. Дотолку повеќе што државата влегува во ризична зона каде ќе се бори за редовна исплата на плати и пензии, нешто што само ја покажува неспособноста на самата влада“ вели Мицкоски.
Лошите економски резултати, вели Мицкоски, значи дека граѓаните осиромашуваат, и добиваат неизвесна иднина. Тој нагласи дека поради ова, цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски треба да си поднесат оставки.
„Докажуваат дека не умеат, не знаат и немаат план и затоа мораат да си одат. Ова е уште една изгубена година за македонските граѓани.
Ова е огромен пораз за економските политики на Владата предводена од Зоран Заев. Претпоставувам и дека после оваа обраќање, од партискиот центар за шарени лаги на СДСМ ќе излезат со неоправдани обвинување насочени кон минатото, но граѓаните најдобро ја препознаваат реалноста и единствено ги интересира иднината за што ние нудиме решенија. Македонија мора и може подобро. На граѓаните им треба напредок и успеси и ние тоа ќе го направиме и Македонија ќе победи!“ порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

