Регион
Албанскиот претседател во текот на летото ќе се одмара и во Пустец

Албанскиот претседател, Илир Мета, заедно со претставниците на локалната власт ја отвори туристичката сезона во општина Пустец, Мала Преспа, Албанија, каде што живее македонско малцинство.
Мета на својот фејсбук профил ги повикува домашните и странските туристи да ја посетат општината која, како што навел, има многу убавини меѓу кои Пресопанското езеро, црквата „Света Богородица“ на островот Мал град, но исто така и богатите традиционални јадења во овој прекрасен регион.
Мета истакнал дека во текот на летниот период, дел од одморот ќе помине токму во оваа општина.
За време на посетата на општина Пустец, албанскиот претседател ги посетил локалните првославни цркви, а бил придружуван од страна на Васил Стерјовски, познат локален и политички активност на Македонците во Албанија.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пукање во Сплит: напаѓач влетал во банка и зел работник како заложник

„Слободна Далмација“ пренесува дека денеска нешто пред 12 часот во Сплит се случил обид за грабеж во банка спроти зградата на општинскиот суд.
Очевидци пријавиле дека разбојникот наводно го зел како заложник обезбедувачот и се обидел да побегне, но полицијата бргу пристигнала на местото на нападот и дошло до престрелка.
Млад човек загинал во вкрстен оган со полицијата, а според првите информации на тамошните медиуми, младиот човек пукал во полицајка, која возвратила по обидот да ограби банка.
Првите информации велат дека разбојникот е убиен, но сѐ уште нема официјална потврда на оваа информација од сплитската полиција.
Според написите, на местото на обидот за грабеж на банката први пристигнале две полицајки и разбојникот почнал да пука.
Тие се обиделе да го предупредат пукајќи од службените пиштоли во воздух, но тој не обрнал внимание, па пукале и го убиле.
„Го напуштив теренот и наеднаш слушнав викање и истрели. Бев страшно исплашен, не знаев што се случува, па истрчав да се скријам“, изјави еден од сведоците.
Полицијата го опколи поширокото место на злосторството, а сообраќајот во една од главните улици во центарот на Сплит беше блокиран од 12.30 часот.
Зградата на банката е оддалечена само 10 метри од општинските и окружните судови и 30-ина метри од зградата на сплитско-далматинската полиција.
Полицијата најави дека набргу ќе објави информација за настанот.
Според очевидци, разбојникот наводно зел заложник еден обезбедувач и се обидел да побегне, но полицијата пристигнала многу бргу и дошло до престрелка, пишува „Слободна Далмација“.
Регион
Поплави во БиХ: во некои делови прогласена вонредна состојба

Во Босна и Херцеговина најтешка е состојбата на подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.
Поради дождот, кој со денови непрекинато врне, под вода се многу улици во Бања Лука, а поплавени се и тротоарите.
Во градот се поплавени и многубројни гаражи, а особено критична е состојбата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои населби има отсечени домаќинства.
Поради покачување на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во месноста Лакташ.
Поради наглото покачување на водостојот на Сава и нејзините притоки, која се излеа во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба.
Во некои училишта во областа Градишка денеска е откажана наставата.
Поради надојување на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ мака мачат со поројните дождови, а наставата во училиштата е прекината.
Во Босанска Крупа се излеаја реката Крушница и неколку потоци, а поплавени се земјоделски површини и помошни објекти.
Регион
Ученик им се заканувал со огнено оружје на своите врсници на група на „Вибер“ во Црна Гора

Црногорската полиција идентификува ученик од Тиват, кој во групна порака на „Вибер“ со огнено оружје им се заканувал на своите врсници од Гимназијата за ликовна уметност во Цетиње.
Во пријавата било наведено дека еден од учениците на училиштето наводно во порака во група на „Вибер“ упатил закани со огнено оружје кон учениците од ова училиште.
Постапувајќи по пријавата, полицијата го идентификувала ученикот што ја упатил заканата, со место на живеење во Тиват, се наведува во полициското соопштение и се додава дека за настанот тиватската полиција го известила дежурниот обвинител по што од овој ученик, кој наставата во Цетиње ја следи вонредно, биле подигнати информации за околностите на инцидентот.
Во тек е кривична постапка во врска со утврдувањето на наводите од пријавата и прибирањето информации од студентите и наставниот кадар.