Македонија
Доделени 4,2 милиони денари за најуспешните истражувачки проекти од 20 основни и средни училишта

Прогласување на најуспешните 20 училишта од Предизвикот за млади истражувачи се одржа денеска во објектот на Владата, во организација на Фондот за технолошки развој и иновации.
Премиерот, Зоран Заев, им посака топло добредојде на присутните ученици, ментори, наставници и присутни гости и заедно со министрите за образование и здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, им доделија вредносни ваучери на најуспешните истражувачки проекти на 20 основни и средни училишта од цела Македонија.
Премиерот Заев во своето поздравно обраќање рече дека креативното размислување и истражувачкиот дух кај децата и учениците треба да бидат поттикнувани во рамки на образовниот процес, од општеството, во семејствата.
„Мотивирани млади луѓе се градителите на стабилна и економски перспективна иднина. Такви млади луѓе и се потребни и на нашата Македонија. Во вас драги ученици, млади истражувачи го препознавам тој креативен потенцијал што и е потребен на Македонија. И со вашиот вложен труд и резултатите што ги постигнавте денеска го потврдувате тој факт“, порача Заев.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми рече дека знаењето и иновациите ги движат земјите и светот напред и во тој правец подвлече дека Владата има јасна стратегија преку конкретни мерки и активности за поттикнување на иновативноста и креативноста.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, во детали зборуваше за истражувачките проекти кој беа наградени и рече дека околу 100-тина училишта се пријавиле на предизвикот и изрази уверување дека на вториот предзивик ќе земат учество уште поголем број на училишта.
„Иновацијата ве предизвика и на неа одговоривте со изработка на дрон, со хидрапонична градина, систем за детекција на гасови во воздух во работни простории, фотоволтаична централа, стаклена градина Индиго Росе, отпорност на градинарските култури на кисели дождови и десетици други успешни истражувачки проекти. Со нив само се уверивме дека во вас има креативен, критичен и иновативен потенцијал независно во кое училиште учите и од кој дел на Македонија ни доаѓате. И затоа, првичниот буџет за награден фонд на Предизвикот од 1,5 милиони денари, го зголемивме за скоро трипати и денес тој изнесува 4,2 милиони денари бидејќи наш приоритет е да вложуваме во вашиот развој и идеи. Верувам дека меѓу вас денес е идниот Закерберг, Илон Маск, Џек Ма“, порача директорот Деспотовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)