Македонија
Кадетите што протестираа не ги поминале безбедносните проверки и затоа не се примени на работа, велат од МВР
Кадетите што денеска протестираа пред МВР не ја поминаа безбедносната проверка и затоа не им е даден договор за работа, велат од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.
„Во врска со денешниот протест на дел од кандидатите за полициски службеници (приправници) со кои не е потпишан договор за работа, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на процесот на прием и обука на избраните кандидати беа воочени сериозни неправилности кои биле направени при подготовката на безбедносната проценка на кандидатите. Притоа, констатирано е дека 37 од кандидатите за полициски службеници кои беа на обука добија негативни безбедносни проценки. Ова е спротивно на начелата за професионално и легалистичко работење и нивниот евентуален ангажман ќе значи прекршување на законските одредби за засновање на работен статус во Министерството, но истовремено и подривање на безбедносниот систем. Истовремено, започната е и постапка за утврдување на одговорноста за направените пропусти“, се вели во реакцијата на МВР.
Некои од кадетите од генерацијата 2017/2018 година, денеска излегоа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да го изразат својот револт затоа што сè уште немаат добиено договор за работа од Министерствотo, иако, како што велат, успешно ја звршиле обуката за полицајци.
Конкурсот беше распишан за 600 полициски службеници кои ја завршија обуката, но сите не добиле договор за вработување, односно од овие 600 кадети, договор потпишале 565, а 35 останале без договор за работа.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

