Македонија
Распишан конкурс за нова градска болница во Аеродром
Министерството за здравство информира дека е распишан конкурс за избор на идеен проект за нова градска болница на локација во општина Аеродром.
Како што соопштија од Министерството, конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки, каде што се објавени целите на проектот и критериумите за избор.
„Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на градските болници и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар“, се наведува во соопштението.
Од Министерството додаваат дека новата градска болница треба да понуди подобар пристап на населението до потребните здравствени услуги, подобрување на квалитетот и сигурноста на дадените болнички услуги.
„Новата градска болница треба да имплементира еден нов модел за давање амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болничкиот престој“, стои во соопштението во кое се наведени и условите за конкурсот:
– Учеството на конкурсот е анонимно. Оценувањето на конкурсните трудови ќе го врши жири-комисија. На најдоброрангираните учесници Министерството за здравство на Република Македонија ќе им додели парични награди. Конкурсните трудови се доставуваат по пошта или лично во архивата на Министерството за здравство на Република Македонија, најдоцна до 18 јули годинава до 13 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

