Контакт

Свет

Тони Блер вели дека брегзитот сè уште може да биде блокиран

Објавено пред

Најголемиот поборник за останување на Британија во ЕУ, Тони Блер, предупреди дека ЕУ е загрозена од левицата и од десницата и ја повика Европа да остане обединета и силна тврдејќи дека брегзитот сè уште може да биде блокиран, пренесува британски „Експрес“.

dobivaj vesti na viber

Блер вели дека Британија сè уште може да остане во ЕУ и дека шансите за поништување на волјата на 17,4 милиони луѓе всушност се зголемува. Тој рече дека политичкиот центар на Европа го стегаат од двете страни, како и од странските гиганти. Говорејќи на германскиот весник „Стерн“, Блер рече:

„Политичкиот центар на Европа е загрозен и од левицата и од десницата и сега ќе имаме три гиганти – Кина, Индија и САД. Ако не сакате да бидете уништени од овие гиганти, само сојузи ќе помогнат“.

Тој исто така предупреди за растечката привлечност на авторитарниот лидерски стил.

„Успехот на Доналд Трамп секако има врска со фактот што им се обраќа на граѓаните што се чувствуваа маргинализирани. Но, тоа не објаснува сè. Другите објаснувања се дека тој вели: „Јас ги завршувам работите, ќе се справим со нив“. Така успева дури и ако не се согласуваме со него“, рече Блер.

Блер смета дека ова е причината зошто е од суштинско значење да се бориме против брегзитот и дека успехот на обратниот процес е можен. Поранешниот премиер рече:

„Во овие времиња сецесионистичките движења како овде или во Шпанија се едноставно лудост. Самитот на Г7 покажа колку е важно Европа да остане обединета и силна. Брегзитот го прави спротивното и јас го разбирам американското гледиште, но Европа мора исто толку ефикасно да ги брани своите сопствени интереси“.

Блер рече дека кампањата за блокирање на брегзитот успевала и дека шансите за поништување на гласовите се зголемуваат.

„На почетокот на годината мислев дека сме на 25 отсто, но сега мислам околу 40 отсто. Луѓето очигледно веруваа дека ќе бидеме послободни и посувери, но се покажа спротивното, нема да бидеме послободни“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Објавено пред

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите.

dobivaj vesti na viber

„Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа правејќи го тоа додека тој добивал фотографии од местото на настанот на својот мобилен телефон.

„Тукушто сега почнувам да разбирам што навистина се случило. Мислам дека ја познавав една од жртвите, но сè е сè уште многу свежо“, рече Квист.

Тој ја опиша ситуацијата како „скоро надреална“. „Се чувствував како да сум на место што го видов само на телевизија“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Објавено пред

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот.

dobivaj vesti na viber

„Ова е ужасна и незамислива трагедија“, рече тој. „Не можеме ни да замислиме низ што минува заедницата. Но, знам дека сето ова нè тера да ги прегрнеме нашите деца малку поцврсто вечерва“.

Премиерот Иби рече дека полицајците, кои пристигнале на местото на настанот во рок од две минути од повикот, можеби спречиле уште поголема трагедија со нивниот брз одговор. Тој исто така нагласи дека полицијата сè уште ги известува семејствата на жртвите.

Според Иби, брзото пристигнување на полицијата значело дека „е спречено катастрофалната трагедија да биде многу полоша“.

Тој нагласи дека полицајците ги ризикувале сопствените животи брзајќи кон училиштето. „Тоа е херојски чин и им сум многу благодарен“, рече Иби. Полицијата објави дека вооружениот напаѓач бил пронајден мртов во училиштето и дека се сомнева на самоубиство.

Одговарајќи на прашања од новинарите, Иби потврди дека полицијата „продолжува да контактира со семејствата и најблиските роднини“ на жртвите. „Очекувам дека наскоро ќе добиеме нови информации од полицијата“, рече тој.

На прашањето за реакцијата на федералниот премиер, Иби рече дека тој „ја пренел тагата и очајот што ги чувствува, како и она со што се соочуваат жителите на Тамблер Риџ“. Иби додаде дека премиерот понудил помош од федералната влада во иднина.

Прикажи повеќе...

Свет

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Објавено пред

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и испраќајќи ги своите „молитви и најдлабоко сочувство“ до семејствата и пријателите на жртвите.

dobivaj vesti na viber

„Се придружувам на сите Канаѓани во жалењето за оние чии животи беа неповратно променети денес, и во знак на благодарност за храброста и несебичноста на првите реагирачи кои ги ризикуваа своите животи за да ги заштитат своите сограѓани“, се вели во соопштението на премиерот.

„Нашата способност да се обединиме во криза го покажува најдоброто во нашата земја – нашата емпатија, единство и сочувство едни кон други.

Се обратив до премиерот на Британска Колумбија за да изразам сочувство, како и до министерот за јавна безбедност Гари Анандасангари, кој го координира федералниот одговор. Нашите службеници се во близок контакт со своите колеги за да се осигурат дека заедницата е целосно поддржана во најголема можна мера. Владата на Канада е со сите жители на Британска Колумбија додека се справуваат со оваа ужасна трагедија“, заклучи Карни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет1 час

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет1 час

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија9 часа

Силен земојтрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија14 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија17 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија18 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија19 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија19 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија20 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет20 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија21 час

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија22 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија22 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет22 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет24 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет24 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет1 ден

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...