Македонија
Хан: Лично ќе дадам поддршка за референдумот за името да биде успешен
Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, смета дека решавањето на спорот за името меѓу Атина и Скопје има значење за целиот регион. Тој изјави дека ЕУ мора да ги исполни дадените ветувања, доколку македонските власти ги исполнат потребните услови.
Според него, во моментов постои позитивен тренд во регионот, а причината за тоа е стратегијата за проширување на ЕУ, која отвора перспектива за сите земји.
Хан, во интервју за дневниот виенски весник „Стандард“, вели дека е убеден оти референдумот во Македонија ќе биде поддржан од мнозинството граѓани.
„Во септември или октомври треба да се одржи референдум, а јас се понудив на лице место да го промовирам решението. Во Македонија имам одреден кредибилитет и сум подготвен да го искористам. Сепак, важно е референдумот да не се меша со други избори бидејќи во спротивно може да биде вовлечен во партиско-политичка битка. Лидерите во земјата, без разлика на која политичка страна се, ми се чини дека признаваат оти успеа нешто кое е од интерес за земјата и целиот регион и тоа е причината зошто јас сум убеден дека референдумот ќе биде поддржан од потребното мнозинство“, објаснува еврокомесарот Хан.
Изјави дека тргнувајќи од тоа што челниците на ЕУ позитивно реагираат на постигнатиот договор, смета дека на Самитот закажан за 28 јуни ќе дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори.
„Ваквата основана еуфорија можно е да се преслика и во јули на самитот на НАТО, каде се работи на покана за членство. Ако наесен дел од опозицијата тргне по истиот пат и биде постигнато двотретинско мнозинство за промена на Уставот, врз онова на успешен референдум, грчкиот парламент би можел да го ратификува протоколот за пристапување кон НАТО“, ги објаснува Хан можните понатамошни чекори во процесот.
Запрашан дали е сигурен дека Атина ќе го примени договорот, Хан одговора дека единствено нешто кое е сигурно е смртта.
„Но, договорот на хартија е добро поставен, а и Ципрас е професионален политичар. Договорот е во интерес на граѓаните на Грција и за стабилноста во регионот. Од искреното пријателство меѓу соседите корист може да имаат сите“, смета еврокомесарот.
Тој истакнува дека решението на спорот за името, ја зацврстува положбата на Западен Балкан во заедницата на западни вредности. Запрашан дали е можно за наесен да започнат пристапните преговори со Македонија, Хан, вели дека сега е важно да започнат подготовките за отворањето на поглавјата, односно дека се работи за еден сеопфатен скрининг процес, кој треба да покаже дали постојат услови за отворање на поглавја.
Тој, исто така, изрази уверување дека Албанија, поттикната од македонското решение, ќе биде во можност да ги почне пристапните преговори, бидејќи можностите за реформи се најголеми во текот на преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

