Регион
Обид за насилен упад во грчкиот парламент

Денеска во Атина се случил помал инцидент, кога за време на протест, неколку учесници се обиделе да влезат во грчкиот парламент, каде што се расправа за недоверба на владата поради договорот за името склучен меѓу Атина и Скопје.
Седницата за недоверба беше закажана по барање на опозицијата, поради договорот кој пред неколку дена го постигнаа грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев.
Грчката полиција успеа да спречи неколку демонстранти, кои носеа кациги, да влезат во парламентот, објави новинската агенција АНА.
Според информациите, повеќе демонстранти останале на влезните скали на парламентот, а други пред споменикот на непознатиот херој, кој се наоѓа пред самата институција, при што вееле грчки знамиња.
Порталот „Катимерини“ објави дека демонстрантите извикувале слогани против Владата за предавничко однесување. Исто така, порталот наведува дека бројот на демонстранти е далеку помал во споредба со оној на протестите кои беа организирани претходно годинава, со ист повод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.