Македонија
„Еурмакс ресоурсис“ : Рудникот е безбеден, нема да користиме цијанид и сулфурна киселина

Рудникот за бакар и злато е целосно безбеден за животната средина и здравјето на граѓаните и е пример за одговорно и модерно рударство, тврди компанијата „Еурмакс ресоурсис“ која е концесионер на рудникот „Иловица-Шутка“.
Оттаму велат дека рудникот ќе се развива согласно највисоките стандарди за животната средина, согласно законите земјава и највисоките меѓународни принципи.
„Преоктот се развива во соработка со сите релевантни институции во Република Македонија на локално и национално ниво и ќе донесе бенефит за локалната и националната економија.
Во изработката на студиите и сите потребни документи за развој на проектот работеа реномирани домашни и интернационални експерти кои со својата експертиза гарантираат за безбедност на проектот“, тврди компанијата по денешните протести против отворање на рудникот.
Имајќи ја во предвид загриженоста на заедницата, од компанијата соопштија дека одлучиле да не користат цијанид во постапката, иако тврдат дека оваа постапка е целосно безбедна, а нема да се користи ни сулфурна киселина.
„Ќе користиме само процес на флотација, кој веќе се користи во Македонија и е целосно безбеден процес. Како и досега ќе продолжиме да работиме на транспарентен начин со локалното население и со сите институции и организации и сите наши документи како и Студијата за заштита на животната средина се јавно достапни. Отпочнавме и дијалог со граѓанските здруженија се со цел да излеземе во пресрет за давање на сите потребни информации на заинтересираните групи за да можат да ги темелат сите ставови на факти и вистини“, се вели во соопштението на „Еурмакс ресоурсис“.
Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш во Струмица против ископ на рудникот „Иловица“. На протестот граѓаните на Струмица и околината го искажаа својот револт против изградбата на рудникот извикувајќи „Стоп за Иловица“, „природата и здравјето пред профитот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.