Македонија
(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание
																								
												
												
											Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога протестот беше мирен. Марионетската власт во Скопје вчера употреби брутална сила, беа тепани жени, деца, претседатели на партии, беше тепан македонскиот народ. Бараме оставка од Спасовски и очекуваме Владата да одговори на овој чекор и да го усвои ова наше барање кое што е и барање на македонскиот народ. За таа прекумерна сила треба некој да одговара, вели претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.
-Од сите камери присутни на настанот како и од полициските камери јавноста може да види дека во моментот кога реагираше полицијата демонстратите мирно протестираа и единствено што правеа е тоа што го извикуваа името на државата, Република Македонија, вели Бачев.
Ова ни дава за право да се посомневаме дека постои сценарио во кое ќе дојде до судир меѓу македонската полиција и македонскиот народ, вели Бачев. Според него, по завршување на настанот, неосновано се апсени голем број деца кои што единствена нивна вина било тоа што вчера ја покажале својата демократска и патриотска определба спрема Република Македонија.
-Вчера целата полиција беше составена од Албанци, некаде околу 90 отсто, дали министерот Спасовски смета дека на таков начин полицијата ќе биде уште помотивирана така да го тепа македонскиот народ. Народот го искажа револтот поради промената на името и невиденото предавство што го прави марионетската власт во Скопје купена и корумпирана од странски центри. Македонија живее во мрачна доба во новиот светски поредок и ги живее најтешките денови од својата работа, вели Бачев.
Лидерот на Единствена Македонија ја повика меѓународната заедница, посебно Русија, Кина и Турција, за кои смета дека не се дел од темниот светски поредок за отворање на македонското прашање, да формира меѓународна комисија за истражување на сите настани од последните 3 години. Бачев кој лично беше присутен на вчерашните протести пред Собранието, сведоше за немилиот настан по што изјави дека се здобил со тешки повреди на нозете откако се качил на полицискиот хермелин кој имал намера да тргне кон граѓаните.
-Полицискиот хермелин тргна да го гази народот во кој што јас реагирав од моја страна со цел тоа да биде спречено и од тој момент од самиот хермелин се здобив со тешки повреди на нозете. Кога полициското лице кое управуваше со возилото кажа дека тука ќе застане, односно нема да тргне кон народот, јас се симнав од возилото, вели тој.
Лидерот на партијата најави дека од денеска ќе покрене иницијатива за семакедонско обединување на сите патриотски сили во земјата, како политички партии, здруженија, поединци.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

