Македонија
Кривична против директорот на затворот во Прилеп за несовесно работење
Поднесена е кривична пријава против С.Р. (53) од Прилеп поради сомнеж дека во својство на директор на Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“, со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење дискреционо овластување, со пропуштање должен надзор, како и на друг начин со несовесно постапување во вршење на своите овластувања и должности, прибавил за себе и други одредена корист.
„По добиена согласност за работно ангажирање осудени лица, склучени биле писмени договори за работа помеѓу ‘Затвор Прилеп’, претставуван од пријавеното лице, и фирма од Прилеп. За потребите на фирмата, ‘Затвор Прилеп’ се обврзал да му праќа три осудени лица што ќе извршуваат работни задачи со утврден надоместок, утврдено работно време секој работен ден, почнувајќи од 21.3.2018 година. Контрола на работното ангажирање на осудените лица била должна да врши комисија од три члена формирана од директорот – пријавеното лице. Контролата трбало да се врши најмалку еднаш неделно, а по процена и повеќепати. Од извештаите за извршени контроли во април и мај 2018 година било заведено дека една контрола била извршена во април, а четири во мај и секогаш била констатирана уредна состојба“, соопшти МВР.
Ова отворило простор за можни злоупотреби од страна на ангажираните осудени лица во фирмата и по извршената контрола, било констатирано дека лицата осуденици, кои тој ден требало да се јават на работа во фирмата, не биле затекнати на работните места, односно не се наоѓале во кругот на фирмата. На овој начин, велат од МВР, пријавениот постапил спротивно на упатството за условите, начинот и постапката за работно ангажирање осудено лице надвор од установата, донесено од страна на Управата за извршување санкции од 2011 година.
Покрај ова, пријавениот не се придржувал кон договорот за јавна набавка на стоки – течно гориво со фирма од Прилеп.
„Во периодот од февруари, март, април и мај 2018 година, иако редовно доставувал извештај за полнење гориво во службеното возило, референтот за возниот парк во затворот го внесувал само горивото од причина што во испратниците не бил внесуван податок за поминати километри. Врз основа на договорот пријавениот бил должен да го впишува податокот за поминати километри. За користењето на возилото пријавениот не изготвувал соодветни патни налози“, образложи МВР.
Пријавениот несовесно постапувал и по Законот за извршување на санкциите. Од Министерството велат дека наместо службата за обезбедување – Сектор за обезбедување, лично тој и книговодителот, со две службени возила, од кои едното нерегистрирано, извршиле спровод на седум осудени лица до Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
„Од страна на пријавениот биле презентирани само два меморандума за соработка – еден со приватна фирма и еден со Јавната установа „Детска иднина“, но во книгата за рапорт биле внесени податоци за работно ангажирање осудени лица и во општина Прилеп. Од извршените проверки од страна на полициските службеници упатените осудени лица во општина Прилеп не биле затекнати на работните места“, додаде МВР за овој дел од обвинението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

