Македонија
Османи во Приштина: Набргу заедничка владина седница меѓу Македонија и Косово
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Приштина оствари средба со потпретседателот на косовската влада, Енвер Хоџај.
Двајцата соговорници ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот за што од интерес на двете земји е меѓусебно да се поддржат во процесот на интеграција во ЕУ.
„Македонија има стекнато огромни искуства преку долгогодишните активности во рамките на процесот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, а во следниот период, со почетокот на преговорите со Унијата, овие искуства неколкукратно ќе се зголемат. Како најблиски соседи, со задоволство овие искуства ќе им ги пренесеме на колегите од Косово, а со цел забрзување и унапредување на европските перспективи на целиот регион“, рече Османи посочувајќи притоа дека набргу се очекува заедничка владина седница меѓу двете земји како важен сигнал за исклучително добрите односи меѓу двете земји.
Соговорниците едногласно се согласија дека доказ за ова е неодамнешното поставување камен-темелник на заедничкиот објект на двете држави, т.е. поставување камен-темелник на заедничкиот граничен премин Белановце Станчиќ, а изразија и задоволство за напредокот за изградба на патниот правец Скопје – Блаце, проект кој заедно со автопатот Приштина – Блаце, чија изградба е во тек, треба да го намали времето на патување меѓу Скопје и Приштина од сегашните два часа на помалку од еден час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.