Македонија
(Видео) Македонија тргнува во борба против лажните вести, најави Поповски во Велес
Покрај тоа што Велес во еден временски период стана синоним за ширење лажни вести, токму денеска од овој град се испраќаат пораки дека Македонија тргнува во борбата против лажните вести, изјави министерот без ресор задолжен за комуникации транспарентност и отчетност во Владата, Роберт Поповски, кој денеска во Велес учествуваше на форумот за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите – комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“.
Лажните вести, како што потенцира Поповски, речиси секогаш носат пораки на национализам, поделба, раздор, конфликт и омраза.

„Видовме, не само деновиве туку и низ годините наназад, колку штетна може да биде пропагандата, дека тие лажни зборови честопати поттикнуваат вистинско и брутално насилство и агресивно однесување“, рече Поповски, додавајќи дека завчера, за време на насилните протести во Скопје но и во континуитет, како што рече, на социјалните мрежи се шират лажни и вознемирувачки вести вклучувајќи наводни жртви на полициска бруталност, за кои се користат стари фотографии од личности од секаде по светот, лажни текстови и постови.
Говорејќи за поставеноста на Владата за справување со овие предизвици на дигиталното дезинформирање, Поповски го истакна повикот на Владата на конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање, посебно акцентирајќи го претстојниот референдум за договорот со Република Грција.
Mинистерот за информатичко општетво и администрација, Дамјан Манчевски, истакна дека она што изминатите неколку дена може да се прочита на социјалните мрежи и интернет-порталите во Македонија е уште една потврда за тоа колку проблемот со лажните вести е сериозен и треба посветено да се работи за справување со овој предизвик.

„Лажните вести во овој случај имаат цел намерно извртување и манипулирање. На овој начин се поттикнуваат емоциите кај граѓаните и се манипулираат да веруваат во тоа што сака да го продаде страната која е нарачател на овие содржини и лажни вести“, истакна Манчевски.
Тој рече дека Владата го темели на три основни столба: демократизација на медиумскиот амбиент, активна транспарентност и зголемен пристап до информации.
На денешниот форум пред присутните гости и јавноста се обрати и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, кој, пред сѐ, искажа жалење дека и покрај значајното место што Велес го зазема во културната и просветната историја и традиција на Република Македонија, сепак остана најзапаметен како град-фабрика за лажни вести, што според него е резултат на долгогодишниот економски колапс и големата невработеност во градот.

Едвард Гонзалес, директорот на канцеларијата на УСАИД за општ развој, пред присутните на денешниот форум рече дека денешниот настан е важен и навреме одржан имајќи ја предвид актуелната тема за дезинформирање, феномен што, како што истакна тој, рапидно еволуира и има локално, но исто толку и локално влијание.
Форумот беше организиран од УСАИД, Владата на Република Македонија, Општина Велес и од граѓански организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

