Контакт

Свет

Хуманитарци на „Лекари без граници“ тргувале со лекови во замена за секс

Објавено пред

Хуманитарци на „Лекари без граници“ (МСФ) тргувале со лекови во заменa за секс со ранливите млади жени во Африка, тврдат поранешни вработени во организацијата. Дојавувачите во четвртокот за програмата на Викторија Дербишир на Би-би-си изјавиле дека употребата на проститутки од страна на персоналот во невладината оргамизација финансирана од Џорџ Сорос е бесрамна и масовно распространета.

dobivaj vesti na viber

Една од поранешните вработени што зборуваа анонимно од страв дека ќе се најдат на црната листа на хуманитарните организации посочи дека лично видела висок член на персоналот кој довел многу млади девојки во сместувачките капацитети на МСФ во Кенија додавајќи дека било повеќе од очигледно оти девојките биле проститутки.

„Мојот колега, кој долго време престојуваше во истата резиденција, сметаше дека ова е редовна појава“, рече таа.

Уште една дојавувачка посочи дека е шокирана кога слушнала како висок претставник на МСФ за хуманитарна помош се фалел дека премногу е лесно да се дојде до секс во замена за медицински резерви додека бил стациониран во Либерија.

„Тој им предлагаше на многу млади девојки што ги загубија своите родители во епидемијата со ебола да направат нешто сексуално во замена за лекови“, изјави дојавувачот за Би-би-си.

Коментирајќи дали во МСФ биле свесен за наводите дека вработените користат проститутки, поранешната вработена изјави дека верува оти организацијата се прави дека не ги гледа некои од „постарите“ момци (кои долго време биле во невладината организација и го искористиле својот повисок статус). Сепак, можно е менаџментот да не бил свесен за тоа“, рече таа.

Брендан Кокс, вдовец на покојната пратеничка од лабуристите, Џо Кокс, по смртта на својата сопруга се повлече од добротворните организации што ги основал по наводите за сексуално вознемирување.

Одговарајќи на тврдењата, портпаролката на МСФ рече: „Не толерираме злоупотреба, малтретирање или експлоатација во рамките на МСФ. Жалиме за сите случаи кога луѓето биле подложени на вознемирување или злоупотреба или биле на друг начин малтретирани и/или се чувствувале дека со нив не се постапува соодветно. Знаеме дека МСФ не е имун на овие прашања и сериозно ги сфаќаме сите извештаи“, рече таа барајќи од сите што се загрижени поради нечие несоодветно однесување да го пријават тоа преку доверливата шема на дојава во невладините организации.

Во јуни 2016 година МСФ објави дека веќе нема да зема пари од земјите членки на ЕУ или од Брисел во знак на протест поради обидите на блокот да ги истера луѓето и нивното страдање подалеку од европските брегови преку својот миграциски договор со Турција. Химанитарниот сектор последниве месеци е преокупиран со скандалите во рамките на кои Хаити минатата недела изјави дека го повлекува правото на „Оксфам Велика Британија“ да дејствува во земјата поради наводите за помош во замена за секс и обвинувањата за силување и сексуален напад од страна на персоналот во Јужен Судан.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка

Објавено пред

Од

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.

dobivaj vesti na viber

Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.

„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.

„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск

Објавено пред

Од

Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.

dobivaj vesti na viber

„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.

Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.

„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран

Објавено пред

Од

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.

Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.

„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.

„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ9 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија10 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија12 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура13 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија14 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија14 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија16 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија17 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет18 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет18 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет18 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа19 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...