Забава
Викенд забава на отворено – на 1000 метри надморска височина во Крушево
Фестивалот When in Krusevo, наменет за сите љубители на адреналински авантури, годинава ќе се одржува од 30 јуни до 1 јули. Второто издание, како што информираат организаторите, ќе понуди викенд со многу активности и забава на отворено, или поточно на над 1000 метри надморска висина. Ќе се одржуваат спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / кајак авантури, тандем параглајдинг со Heli XC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетници и уште многу други активности.
Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.
За најголемите авантуристи е организирана камп зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви.
Вечерите се резервирани за забава со Игор Џамбазов и Гуру харе, Beta House Band, и наградуваната реге атракција од Јамајка Inner Circle. Резервации може да се направат на When in X или MkTickets или во Југотон и Универзална сала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

