Македонија
Средба на 200 лица со телесен инвалидитет од земјава
Оваа сабота Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ ја организираше седмата по ред Масовна средба на лица со телесен инвалидитет во земјава. Настанот оваа година се одржа во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј АД Скопје” и помина во добра забава и рекреација за повеќе од 200 лица со телесен инвалидитет од целата држава.
Масовната средба на лица со телесен инвалидитет традиционално се организираше под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што овие лица испраќаат порака дека обединети и организирани ќе продолжат да се борат за своите права и подобра позиција во општеството, на основа на еднаквост содругите. Тема на средбата беа и активностите за измена и дополнување на Правилникот за индикации за остварување право на ортопедски и други помагала за овие лица.
За време на средбата Македонскиот параолимписки комитет одржа прес-конференција на која беа презентирани заклучоците од спроведениот проект CHANGE YOUR MINDSET-SPORT4EVERYONE поддржан од спортската програма на Ерасмус+, во кој учествуваа голем број млади лица со инвалидност (15-29 години). Проект преку кој се дејствуваше на подигнување на нивото на јавната свест за потребата од вклучување на овие лица во телесни активности како здрав начин на живот и можност за социјална вклученост преку спортот.
Средбата беше одлична можност за директна интеракција помеѓу членовите и раководството на „Мобилност Македонија“, како и можност за размена на искуства и сугестии за активности кои во иднина треба да се преземат за подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во Македонија. На средбата учествуваа повеќе од 200 лица со телесен инвалидитет од целата држава.
Главен покровител на овогодишната средба беше Центарот за ортотика и протетика „Славеј АД Скопје“, кој го обезбеди и организира просторот во рамки на нивниот двор, заедно со тематските и забавните содржини за сите присутни. Ручекот за присутните беше донација на месарница „Промес“, пијалакот донација од „Пиварница Скопје”, додека „Град Скопје” го обезбеди автобускиот превоз на учесниците од внатрешноста на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

