Македонија
Георгиевски: Општина Гази Баба во соработка со приватни фирми ќе ги подобрува условите во градинките
Oпштина Гази Баба во соработка со приватни компании ќе ги подобрува условите во градинката „Калинка“ во населба Железара, која е клон од градинката „Детска радост”, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот Борис Георгиевски.
„Со заеднички средства, старите и дотраени врати и прозорци на објектот ‘Калинка’ ќе бидат заменети со нови. Покрај ова, согласно со потребите ќе се обнови и внатрешниот дел на градинката со цел да им се овозможат подобри услови за престој на децата“, рече Георгиевски.
Тој додаде дека следен проект на кој ќе работат е зголемувањето на капацитетот на оваа градинка.

„Просторот кој сега го користат од јавната установа Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на град Скопје за лица со попреченост, ќе биде предаден на градинката, со што ќе се зголеми капацитетот за 75 деца. Со овој простор, во градинката ќе обезбедиме и работа во втора смена.
За потребите на децата со попреченост Општина Гази Баба и министерството за труд и социјална политика ќе изградат нов дневен центар за згрижување деца со попреченост, со површина од 170 квадратни метри во Автокоманда“, истакна Георгиевски.
Меѓу другото, како што рече, во завршна фаза е експропријацијата на просторот за изградба на градинка во населеното место Стајковци на улица 18 со површина од 2000 квадратни метри.
„Откако ќе биде завршен овој процес, ќе прејдеме на изградба на градинката, која според планот е предвидена да започне во август“, појасни градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

