Свет
Лига на Салвини прва во националните анкети во Италија
Италијанската антисетаблишментска партија Лига го зацврсти своето место како лидер во креирање на италијанското јавно мислење, според националната политичка анкета објавена неделава на „Телеџорнале“.
За првпат во својата 27-годишна историја партијата порано позната како Северна лига се пресели на првото место надминувајќи го својот владејачки партнер, Движењето пет ѕвезди (M5S), и сега ужива во водството со 29,7 отсто од гласовите. Коалицијата сега владее со импресивни 59,1 отсто од гласовите на италијанскиот народ.
На парламентарите избори минатиот 4 март, М5С беше на врвот со 32 отсто од гласовите, а Лига освои само 17,6 отсто од гласачката маса, но партијата со седиште во Ломбардија, со цврст став за спречување на масовната имиграција, оттогаш континуирано се искачува во анкетите .
Некогаш доминантната Демократска партија (ПД) на Матео Ренци ужива во 18,8 отсто од гласовите додека партијата Силвио Берлускони, Форца Италија, падна на 8,4 отсто. Десничарската „Фратели Д’Италија“ падна на 3,8 отсто.
Како италијанскиот министер за внатрешни работи, лидерот на Лига, Матео Салвини, е во фокусот на италијанското јавно внимание, особено откако не му дозволи влез во Италија на НВО бродот со мигранти „Аквариус“. „Ајриш тајм“ неделава го прогласи Салвини за европски лидер најсличен со Трамп и тоа не го напиша тоа како комплимент, но Италијанците воопшто не го кријат својот восхит од политиките на Трамп кои резултираа со моќен економски раст , значајна дерегулација и посилно надворешно-политичко присуство низ целиот свет.
Салвини е министер за внатрешни работи и вицепремиер на Италија помалку од еден месец, но веќе ги надгради политиките за миграција и за азил, забележува „Тајмс“, факт што помогна да ја однесе Лига на позиција на национален лидер што сега ја ужива . И „Ројтерс“ во вторникот го прогласи Салвини за „европски Трамп“ поради односот кон миграцијата“. Агенцијата го цитираше и Стив Бенон, поранешен извршен директор на „Брејтбарт“, кој рече дека Трамп и Салвини се скроени од ист штоф.
„За миграцијата е подребна директна акција, без оглед колку е тоа непријатно, а Салвини им покажа на хипокритите во Брисел како се дејствува“, рече Бенон
Салвини и самиот се потруди да си ја потврди репутацијата и вчеравечер му порача синоќа на францускиот претседател, Емануел Макрон, дека ако мисли оти не постои мигрантска криза, да ја отвори вратата на својата куќа за мигранти. Салвини реагираше на изјавата на Макрон во Рим, каде се сретна со папата Франциско, дека не постои никаква мигрантска криза.
„Ако е така,“ рече Салвини, „Макрон треба да ја отвори вратата на својата куќа за 9 000 мигранти, колку што Франција вети дека ќе прими од Италија, во согласност со договорот на ЕУ.“
Одбивајќи да дозволи на приватни спасувачки бродови да пристигнат во Италија, Салвини ги предизвика партнерите од ЕУ да примат уште мигранти.
„Премногу е лесно да се фотографирате со папата, без почитување на договорот, а ги враќате жените и децата на граница. Француската ароганција веќе не е во мода во Италија,“ рече Салвини, алудирајќи на одбивањето на Франција да им дозволи на мигрантите да преминат граница со Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

