Македонија
Преку нов софтвер ќе се издаваат дозволи и документи за патничкиот и товарен сообраќај
Во Министерството за транспорт и врски се одржа Јавна презентација на иновативни решенија за нов систем „ПристАПП транспорт“ за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај.
Како што информираат од министерството, новото софтверско решение има за цел да обезбеди поефикасно, поевтино и потранспарентно решение во процесот на издавање различни видови дозволи и документи во надлежност на Министерството за транспорт и врски, во секторот транспорт.
„Новиот систем треба да ги опфати сите фази од постапката од електронското аплицирање во патничкиот линиски превоз, како и транспортот на стока, предвидени со Законот за превоз во патничкиот сообраќај, управување на постапките за одобрување решенија, па сè до издавање на лиценците и дозволите. Исто така, како дел од ова решение ќе се создаде и Централен регистар на транспортери што ќе поддржува чување информации за сите типови транспортни компании, според нивните податоци според дејноста“, се наведува во соопштението.
Министерoт за транспорт и врски, Горан Сугарески, истакна дека алатката „ПристАПП Транспорт“ е прв пилот-проект од програмата на Фондот за иновации и технолошки развој.
„ПристАПП Транспорт e нов софтвер кој има за цел да обезбеди поефикасно решение во процесот на издавање различни видови дозволи за транспортните компании. Изработката на новиот софтвер ќе обезбеди интероперабилност што ќе овозможи електронска размена на податоци меѓу институциите вклучени во постапките, а од друга страна ќе го олесни и пристапот на крајните корисници до транспортните услуги“, истакна Сугарески и додаде дека новата алатка треба да биде изработена во рок од 9 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр
Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Ова се само дел од објавите на ФБ.
Македонија
23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои: Стојанче Ангелов положи цвеќе и запали свеќи
Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.
Масакрот се случи на денешен ден, 28 април 2001 година, во 17:45 часот откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осуммина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за невидениот масакр.
Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија!
Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.
Македонија
Остануваат уште 9 дена изборна кампања: партиските агенди и денеска набиени
Уште 9 дена изборна кампања. И денеска лидерите на партиите, заедно со носителите на листи, како и кандидатите за претседател, ќе ги презентираат своите изборни програми.
Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе оствари средба со жителите на село Велебрдо и со жителите на општина Маврово.
Гордана Силјановска Давкова, исто така, ќе има средби со граѓани, додека коалицијата што ја поддржува предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори пред граѓаните во Могила, Ресен, Демир Хисар и Битола.
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе оствари средби со граѓаните на Крушево, Кичево, Струга и Охрид.
Во Штип на народен собир ќе се обрати претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ќе се сретне со граѓаните на Струга и Дебар, а претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, дел од Коалицијата „Вреди“ во рамките на изборните активности ќе даде изјава за медиумите во 12 часот во близина на „Веро“ во Чаир.