Забава
Арнаудоски: Проектот NUMB се подготува со огромна почит кон култните Pink Floyd
Екипа од 11 музичари веќе полни 6 месеци се зафати со сериозен проект да даде нов поглед кон творештвото на една од најголемите и најзначајните групи воопшто во историјата на музиката, култните Pink Floyd.
Човекот од кој потекна основната идеја, гитаристот Анатолиј Арнаудоски вели дека полни 15 години во него зреела желбата да го оствари овој проект. „Самата идеја трае повеќе од 15 години, а меѓу сите музичари, мислам дека глобално во цел свет постои едно култно обожување, не само кон самата музика на Pink Floyd, туку кон техничкиот дел, односно свирењето. Беше предизвик и долго време ни требаше да се одлучиме на овој чекор, бидејќи сега самото време и самата технологија ни овозможува технички да се изведат повеќе аспекти, како визуелниот, така и аудио аспектот. Можеби најголем проблем беше да се најдат музичари ентузијасти, кои сето тоа ќе го прават од срце. Ние музичарите се познаваме и гледано од оваа дистанца мислам дека ги најдов вистинските луѓе за овој проект. Со пробите започнавме од Нова година и отприлика некаде до месец февруари јас знаев дека ги најдов вистинските луѓе за овој проект“, вели Арнаудоски.
Според него, музиката на Pink Floyd е безвренска и фасцинантна. „Ако се ставиме во улога на Roger Waters кога го подготвувал албумот „The Wall“, целиот овој притисок кој сите го чувствуваме од социјален, па и од сите други аспекти, како е тоа претставено на самиот албум? Нели, она мало розево човече кога на крај сите цигли паѓаат, тој станува нов хуманоид. Така да после се` она што ни се случува изминативе години, ние ова го доживуваме како некој врв, како една наша сатисфакција, со огромна почит кон неповторливите Pink Floyd“, истакнува Арнаудоски и додава дека NUMB – Tribute to Pink Floyd не е проект кој ќе живее само во нашите граници и дека интенцијата е тој да заживее и надвор од нив.
Зад проектот стои екипа од 11 музичари, кои се веќе добро познати во јавноста. Во проектот Арнаудоски свири гитара, а во екипата се и: Димитри Алчев (гитара и вокал), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (синтисајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Премиерата е закажана за 26-ти јули на сцената „Долни сарај“ во Охрид. Билетите се во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за се` и во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

