Македонија
Заев ја запечатува судбината на државата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Заев ги излажа граѓаните дека Република Македонија ништо не губи со овој договор. Со овој договор директно се задира во идентитетот и јазикот, директно се менува Уставот и секаде ние ќе бидеме Северна Македонија. Со потпишувањето на овој крајно штетен договор се откажавме како држава од привремената спогодба помеѓу Република Македонија и Грција, од 13 септември 1995 година, со која Грција се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, исто така се откажавме и од позитивната пресуда на меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, каде се нотира дека Македонија е во право, а Грција не е, и истовремено и се наложува на Грција дека не смее Македонија да се блокира за понатамошно членство во ЕУ и НАТО.
„Заев врши секојдневна пропаганда врз граѓаните на Република Македонија дека нема да има промена на кодовите. Овој договор за промена на името кој што го потпишаа Заев и Димитров предвидува кодовите да се сменат и наместо МК и МКД ќе биде НМ и НМК. И со ваквата капитулација на Зоран Заев, Македонија не ги почна преговорите за членство со Европската Унија. Добивме само надеж дека ќе ги започнеме во 2019-та година ако се исполнат реформите за кои оваа безидејна и неспособна власт цела година не лажеше дека ги спроведува. Вакви дополнителни услови им се доделуваат на земји за кои ЕУ не е сигурна дека го заслужуваат местото во Унијата“, велат од партијата.
Опозицијата смета дека Заев ја запечатува судбината на државата и го менува името за кое генерации и генерации се бореле и го дале својот живот за идејата за своја држава. „Заев на овој начин го понижува целиот македонски народ. Ова понижување не смее да продолжи. Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да си заминат од македонската политичка сцена. Република Македонија мора да тргне напред“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.