Црна хроника
Ограбен таксист, патник му се заканил со пиштол
Таксис бил ограбен во скопски Чаир, откако патник му се заканил со пиштол. Според полицијата, вчера околу 22,40 часот од страна на М.Г.(36) од Скопје е пријавено дека на улица „Методија Митевски” во Скопје додека чекал патници на такси станицата се качило непознато лице кое побарало да го одвезе до одредена локација со населба Чаир.
Откако пристигнале на наведената локација, непознатото лице со закана со огнено оружје одзел 2.000 денари од пријавителот и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор
Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата.
Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во неа удрил мотоцикл без ознаки, управуван од малолетник во Прилеп.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот“, велат од МВР и додаваат дека извршен бил увид.
Истовремено, во Валандово во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с.Пирава, валандовско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово.
Слична несреќа имало и на булеварот Никола Карев во Скопје, кога мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот 67-годишната Е.Д.(67) од Скопје. Таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Приведен маж од Кичево: извршил напад со пиштол
Вчера во полициската станица Кичево, извршен е службен разговор со Б.Џ.(29) од кичевското село Црвевци.
Тој се сомничи дека на 27.05.2024 во 23.15 часот на улица „Раштански пат“ во Кичево физички го нападнал М.Н.(58) од Кичево, по што со пиштол испукал еден куршум.
Полициски службеници од ОВР Кичево од него одзедоа пиштол „ТТ“ калибар 9 милиметри и една рамка со 9 куршуми калибар 7,62 милиметри. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор
Синоќа во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.