Македонија
(Видео) Стоилковски: Зоран ЕВРО Заев доброволно капитулираше
Обидот да се стави знак на еднаквост меѓу евро и евро-атлантските интеграции и бришењето на името на Република Македонија е само обид да се признае неспособноста на оваа власт предводена од Зоран ЕВРО Заев. ЕУ и НАТО не бараат да се избрише името Република Македонија, не бараат промена на Уставот со додаде фуснота за македонскиот јазик или да се дообјаснува националноста. ЕУ и НАТО не бара откажување од македонската историја, традиција и култура, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, „Зоран ЕВРО Заев доброволно капитулираше наводно во име на Република Македонија, прифати промена на Уставот, идентитетот и јазикот. Тој е подготвен да направи срамен обидот повторно заедно со Димитров да го продаваат овој капитулантскиот договор за успех на македонскиот народ. ЕУ јасно порача дека не промената на името, туку реформи кои се вистински потребни на сите граѓани во Република Македонија. Единствено што се очекува од Република Македонија е исполнување на критериумите за почнување на преговори. Тоа не подразбира ослободување на Зоран ЕВРО Заев. Тие услови не подразбираат наместени партиски тендери и корупција на секое ниво во власта. Тоа не подразбира најавени судски пресуди и амнестии. Тие не подразбираат полнење на администрацијата со неспособни партиски кадри.
Од овој договор обврски има само Република Македонија. Од вкупно 6 обврски, 5 и пол се за Македонија, половина обврска за Грција. Имено Грција ќе го ратификува овој договор, само откако кај нас ќе биде променет Уставот“, рече Стоилковски.
Според него, Република Македонија нема никаква гаранција дека по промената на Уставот, Грција е обврзана да го ратификува таканаречениот договорот. „Што ќе преземе Заев доколку во ноември или декември владата на Ципрас падне или не обезбеди мнозинство за ратификација на овој договор, а ние сме го ратификувале договорот или сме промениле Уставот? Се имаше ли предвиде дека со ваков зафат трајно се нарушува позицијата и националните интереси на Република Македонија. Заев свесно ја лаже јавноста. Лага е дека со ова добиваме членство во ЕУ, бидејќи Грција не се обврзува на тоа. Доколку нема реформи, можеме пак да останеме пред вратите на Унијата, со сменето името, променет идентитет, јазик и Устав. Имајќи предвид дека реформите не се јака страна на Зоран ЕВРО Заев, ова е мошне очекувано. е смее да дозволиме државата да биде ставена на коцка. Зоран ЕВРО Заев и СДСМ мора да си заминат. Коцкањето со државата не смее да продолжи. Република Македонија мора да тргне напред“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

