Македонија
(Видео) Достовски: Полицијата ми влезе по налог на една фармацевтска фирма

Пред Основниот суд Скопје 1 се одржува протест за поддршка на приведениот Филип Достовски, основач на здружението „Зелена алтернатива“. Достовски пред судот изјави дека досега никогаш немале проблеми со полицијата и дека ништо не криеле.
„Уапсен сум пред речиси две години, 28 јули 2016 година. Ми влегоа дома девет ентеше полицајци. Ми најдоа што ми најдоа, меѓутоа ние како здружение претходно четири години го правевме тоа. Никогаш не сме имале проблеми со полиција, ништо не сме криеле. Свесни сме дека некои од работите се нелегални, но мора да се случат.
Вечерта кога ми влегоа дома полицајците ми кажаа дека за мене немало истрага, дека се пратени по налог, мислам од една фармацевтска компанија, поради што имав и закана по телефон, што е пријавено во полициска станица. По една недела ми влезе полиција“, рече Достовски.
Тој објасни дека полицијата уапсила двајца, кај него нашла див коноп кој расте во Кочани и, како што рече, е многу добар за епилепсија, додека кај неговиот другар бил најден ТХЦ канабис, и двата канабиса дадени од пациенти за да изработат масло. Едни од пациентите, рече Достовски, се и припадници на МВР.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со температура до 32 степена

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.
Во Скопје, наутро посвежо, преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во вторник и среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Македонија
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце

Центарот за управување со кризи денеска попладне добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште.
Веднаш за настанот биле известени полициските станици Гостивар и Галате.
„Пријавата е добиена преку Едиствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице“, информираат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека лицето ќе биде транспортирaно до Клинички центар за укажување на понатамошна медицинска помош.