Контакт

Македонија

Стојанче Ангелов го напушта МВР, ќе и се врати на политиката

Објавено пред

Поранешниот полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов најави дека ќе го напушти МВР поради политички ангажман во иднина. Тој преку статус објавен на Фејсбук му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година.

dobivaj vesti na viber

„Како претседател во оставка на политичката партија Достоинство, во овој исклучително значаен, чувствителен и пресвртен момент за нашата татковина, момент од кој зависи нејзината иднина како единствена држава на Македонците и на сите останати нејзини граѓани, држава за која се борев, држава за која крварев, држава за која се уште се борам, овојпат со политички средства и методи, чувствувам обврска за мое политичко реактивирање.

Бидејки Законот за полиција им забранува на полициските службници да раководат со политичка партија, во договор со раководството на Достоинство одлучив да излезам надвор од МВР и мојата професионална кариера да ја продолжам на друго работно место кое нема да биде во судир со мојот планиран политички ангажман. Му благодарам на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата една година“, пишува Ангелов.

Тој најавува дека на есен Достоинство ќе одржи конгрес за избор на претседател, потпретседатели и членови на раководните тела на партијата. Во следните неколку месеци партијата ќе изврши и ажурирање на своето членство. Сите издадени членски книшки престануваат да важат. Секој досегашен член кој е согласен со програмата и политиките на Достоинство може да го продолжи своето членство со пополнување на нова пристапница после што ќе добие нова членска книшка на политичката партија. Лица кои сакаат да се зачленат во Достоинство можат да стапат во контакт со раководствата на локалните ограноци на партијата.

„Една од основните заложби на Достоинство е грижата за македонските Бранители кои учествуваа во одбрана на државата во 2001 година како и грижата за членовите на нивните семејства. Како помал коалиционен партнер на сега владеачкиот СДСМ, благодарение на разбирањето на кое наидуваме кај повеќето претставници на централната и локалната власт, Достоинство досега успешно им помогна на повеќе македонски бранители. Затоа, во оваа прилика, ги повикувам сите македонски бранители од 2001-та кои имаат проблеми од која било област во надлежност на кој било државен орган, да остварат контакт со претставници на локалните или централното раководство на Достоинство. Ние од Достоинство ќе дадеме се од себе да им помогнеме на сите македонски бранители, без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност. Достоинство пред се “, порача Ангелов.

 

Македонија

(Видео) Арсовска: Жителите на Ѓорче Петров не сакаат хемиски фабрики да се градат во општината

Објавено пред

Жителите на Ѓорче Петров не сакаат три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 да се градат во општината, вели градоначалничаката на Град Скопје, Данела Арсовска.

dobivaj vesti na viber

„Во февруари 2024 година како град Скопје, не дозволивме и не дадовме согласност за градба на три индустриски објекти, хемиски фабрики на 157.000 m2 и дополнително над 30 висококатници со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел на градот“, додава Арсовска.

Како што појаснува, одлуката на општината Ѓорче Петров ја обжалиле уште тогаш до Уставниот суд затоа што хемиските фабрики ќе се градат во заштитната зона Нерези – Лепенец и бунарите од кои вода пие цело Скопје.

„На 28 мај 2025 година, година и половина од нашата иницијатива до Уставниот суд, судиите одлучија да не ја разгледуваат иницијативата за оценка на Уставноста поднесена од град Скопје“, реагира Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Конески: СДММ тоне во безидејност, наместо предлози и поддршка на младите, тие се занимаваат со некрофилство како нивните ментори

Објавено пред

СДММ по стапките на нивните ментори, тонејќи во безидејност и немање политики за младите, се занимаваат со некрофилство. Немањето на идеи, предлози, аргументирани критики, туку само ад хок напади врз власта, ги доведува на она место коешто се денес, а тоа е во длабока опозиција, вели Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Иако, според Законот, членот 31 предвидува забрана за употреба во затворени простории. Да е уште потрагично, пратениците или оние коишто им ги пишуваат пресовите, не ги читаат Законите до крај. Бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од третата категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продаваат на физички лица, коишто не треба да имаат дозвола за ракување и доаѓаат со упатство за употреба. Притоа, мора да потенцираме дека ги испочитувавме сите параметри и предвидени законски норми за одржувањето на настанот. Пред одржувањето на настанот, ги известивме МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, сите кои беа просутни за време на одржувањето на настанот“, вели Конески.

СДММ, додава тој, наместо некрофилство и безидејност, треба да одговори, зошто вака не беа гласни за Модуларната болница, за Онкологија, за Дурмо турс, за Беса транс?

„Зошто не беа гласни кога нивните претседатели на партијата ветуваа многу проекти за млади, но ништо не остварија. Зошто не беа гласни кога се ветуваа студентски домови, нови факултети, нови вработувања за младите, нови стипендии, туку се тоа беше укинато. Зошто не прашаа каде се гугл, фејсбук и ветената стаза за Формула 1? Зошто не го прашаа Заев од каде му се парите за инвестиции за висококатници во Дубаи и акциите во индиска авиокомпанија? Зошто не го прашаа Филипче од каде му е златната виза за Дубаи“, праша тој.

Сега, нагласи тој, има конкретни мерки за младите, наведувајќи ги реконструкцијата на студентски домови, нови факултети и реконструкција на постоечките, нови училишта и реконструкција на голем дел на постоечките училишта и капацитети за учениците, поддршка на младите земјоделци, поддршка на старт ап бизнисите, поддршка за младите при купувањето на свој нов дом исто така нов оперативен план за вработување на младите.

Сите се проекти, според него, кои СДС не успеа да ги оствари за време на нивното владеење.

Порача, СДС и СДММ да не се срамат во јавноста, пред да кажат нешто два пати да размислат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: ООН постои да гради мир не само меѓу нациите, туку и со природата

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на третата Конференција на Обединетите Нации за океанот (UNOC3) за поддршка на спроведувањето на целта 14 за одржлив развој ,,Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој”, што се одржува во Ница, Франција.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, таа го нагласи виталното значење на океанот како срце на глобалниот климатски систем којшто апсорбира четвртина од емисиите на CO2 и обезбедува половина од кислородот потребен на Земјата. Сиљановска-Давкова укажа дека со нашите неодржливи модели на производство и потрошувачка го нарушуваме океанскиот систем.

Таа посочи дека за да се справиме со кризата, потребен е ефикасен мултилатерализам со силни Обединети нации коишто постојат за да градат мир не само меѓу нациите, туку и со природата.

Според претседателката, ниту една земја, ниту еден континент не може самостојно да воспостави и одржи мир со природата. Таа рече дека симболична коинциденција е што склучувањето на ,,Договорот за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност” се случува во татковината на Мишел Сера, авторот на ,,Природниот договор” во којшто луѓето ги третираат Земјата и природата како ним рамноправни партнери.

Истакнувајќи ја македонската заложба за дијалог и силно меѓународно управување со океаните, таа потенцираше дека ја поздравуваме Декларацијата „Нашиот океан, нашата иднина: обединети за итна акција“ и изразуваме поддршка за имплементацијата на Целта за одржлив развој 14 и Акциониот план од Ница.

Како земја, дел од Медитеранот, еден од климатски најранливите региони во светот, даваме приоритет на интегрираното управување со водите. Таа оцени дека овој процес ќе биде многу поефикасен ако се деблокира нашето пристапување кон ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија2 часа

Талески за Алиу: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер...

Македонија3 часа

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија4 часа

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија4 часа

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија4 часа

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија4 часа

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија4 часа

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...

Македонија7 часа

„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја...

Македонија7 часа

„Влен“: Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

„Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, „Влен“ го презема...

Македонија8 часа

Влада: Tелефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција, извести Владата. „Преку...

Македонија8 часа

Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански „Пулс“

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за...

Свет8 часа

(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во...

Свет10 часа

(Видео) Израелската армија упадна во бродот на Грета Тунберг

Израелските сили пресретнаа брод со хуманитарна помош што пловел кон Газа, на кој биле активистката за климатски промени Грета Тунберг,...

Европа10 часа

(Видео) Жестоки руски напади во западна Украина, Полска ги подигна воените авиони

Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна...

Свет12 часа

(Видео) Немири во Лос Анџелес, судири меѓу полицијата и демонстрантите, запалени автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 војници од Националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите по...

Македонија19 часа

(Фото+видео) Мицкоски: Извесно е дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе победат, има шанси СДСМ да остане без ниту една општина

Следните избори, и локалните, но и следните парламентарни, две основни работи ќе бидат важни – првата ќе биде борбата против...

Македонија1 ден

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност

Собранието утре треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. Во биографијата пишува дека Алиу...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Одморалиштето Пониква се става на располагање за рехабилитација на повредените од Кочани

Владата во текот на следната недела ќе донесе одлука со која одморалиштето Пониква, кое е во сопственост на Министерството за...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС

Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки...