Македонија
(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода, нема повредени

Автобус на ЈСП се запали утринава на последната станица на автобуската линија 24 во скопската населба Кисела Вода. За среќа, сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени лица.
Од Противпожарната единица велат дека било интервенирано на улицата Христо Татарчев бб, на опожарен автобус на ЈСП со три возила и осум пожарникари. Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека не е предизвикана материјална штета од 30 илјади денари.
Од ЈСП објаснуваат дека станува збор за постар автобус на кој се му запалила инсталацијата. Веднаш кога избувнал пожарот интервенирал возачот на автобусот, кој се обидел со апарат да го изгасне, но превентивно биле повикани и пожарникарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟣𝟢 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 07.07. до 13.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 110 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Герасимовски: Пријави се до 20 јули и биди практикант во Општина Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е вториот јавен повик за практикантска работа во Општина Центар. На овој повик, можат да се пријават студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет, кадешто во текот на следните шест месеци практикантите ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.
„Ги повикувам сите студенти од овие факултети кои се заинтересирани да се пријават, ајде заеднички да работиме на наш поубав Центар. Ова е одлична можност за студентите, покрај теоретското знаење кое го стекнуваат на факултет, тие ќе се стекнат и со практична работа која може да биде шанса за ново вработување”, вели Герасимовски.
Јавниот повик ќе биде отворен до 20 јули, новите практиканти ќе почнат со работа на 1 август. Од првиот повик, четворица практиканти се веќе почнати и секојдневно во секторите на општината ја извршуваат својата практикантска работа.
Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студент или апсолвент, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.
Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
За дополнителни информации, јавете се на телефонските броеви : 02/3203-600 и 02/3203-655, на е-мејл адреса: [email protected],
или на веб страница на Општина Центар.
Македонија
„Пожарите беа цел на група лица што не ѝ мислат добро на Македонија, СДС, освен што е некрофилски, тој е и пиромански“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска. За среќа, оваа слика исчезна со брзата реакција на Владата и институциите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Прашањето е дали оваа група на луѓе, која палеше низ државата, имаше за цел да создаде хаос низ Скопје и Македонија?
Прашањето е сосема легитимно, бидејќи на местата на пожарите беа најдени дрва, бензин, гуми, ракавици. Ова не е случајно, туку намерно.
Добро е што институциите веднаш ги реагираа и приведоа неколку лица, кои ги започнале пожарите, но жално е што овие лица се поврзуваат со опозицијата, односно СДС и ДУИ.
Дали СДС и ДУИ посегнаа по најлошото средство за дестабилизација и паника низ државата? Нам ова не не чуди, но е за секаква осуда. Да се посегне по палење на државата и опозицијата да се сити на истото е крајно безобразно и е кривично дело.
Ако ова и била намерата на опозицијата, веднаш треба да одговараат. За среќа, спремноста на кадарот, брзата реакција на институциите и опремата која благодарение на претседателот Мицкоски е ставена во употреба го прекина овој хорор“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.