Свет
Нова бура кај Либија, исчезнаа 63 мигранти
Либиската морнарица соопшти утрово дека 63 мигранти се водат како исчезнати во нова бродска несреќа кај брегот на Либија.
Генералот Ајуб Касен изјави за „Франс прес“ дека 41 мигрант се спасени и додаде дека на бродот имало 104 лица. Несреќата се случила околу 50 километри источно од Триполи.
Покрај тоа, либиската морнарица синоќа ѝ помогна на крајбрежната стража при спасувањето на 235 мигранти, меѓу кои 54 деца и 29 жени.
Викендов во Средоземното Море кај либискиот брег исчезнаа 170 мигранти. Мигрантите од северна Африка често со несигурни бродови патуваат кон некоја земја од Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Утре очекувам нови оставки во Владата на Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека очекува нови оставки во Владата на Србија, но и „на други места“.
Сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија на конференцијата во Палатата Србија изјави дека „одговорноста не може да се избегне“.
Свет
Дмитриј Медведев: Сега имаме право да возвратиме со оружје за масовно уништување на Киев и НАТО
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска, откако САД и дозволија на Украина да истрела проектили со долг дострел длабоко на руска територија, дека Москва „има право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните НАТО инсталации“ и оцени дека тоа веќе е „Третата светска војна“.
Во објава на својот канал Телеграм, Медведев нагласи дека одлуката на администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден може да се оквалификува како напад на членките на НАТО врз Русија.
„Употребата на ракетите на алијансата на овој начин сега може да се квалификува како напад врз Русија од страна на земјите од блокот. Во овој случај, Русија се повикува на правото да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните инсталации на НАТО, ова е веќе Трета светска војна“, напиша Медведев, пренесува „Известија“.
Свет
Борел: Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на ЕУ
Судбината на Украина ќе ја одреди судбината на Европската унија (ЕУ), изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 1.000 денови од руската инвазија на Украина.
Борел ова го изјави по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ одржан во Брисел.
Високиот претставник на ЕУ пред средбата изјави дека Европејците треба да го следат примерот на САД и да дозволат напади на територијата на Русија со ракети со долг дострел, кои ги испраќаат до украинските сили.
„Се надевам дека сите земји-членки ќе ја следат американската одлука. Убеден сум дека Европјаните ќе го следат примерот на САД и ќе им дозволат на Украинците да го користат тоа оружје за да се борат против Русите на руската територија“, рече Борел, кој претседаваше со состанокот, негов последен на крајот од неговата мандат на чело на европската дипломатија.