Македонија
Вработени во „Еурокомпозит“ протестираат пред Владата
Вработени во фабриката за воена опрема „Еурокомпозит“ од Прилеп излегоа на протест пред Владата. Тие бараат да биде решен статусот на фабриката и исплата на заостанатите плати и придонеси.
Вработените поставија и шатори пред Владата и рекоа нема да си заминат сè додека не се најде решение. Околку 260 вработени во фабриката немаат земено 18 плати од 2012 година.
Пред еден месец Владата објави оглас за консултантски услуги за продажба на „Еурокомпозит“. Во март вицепремиерот Кочо Анѓушев, пак, одржа средба со претставници на синдикатот на фабриката. Тогаш од Владата соопштија дека го задолжиле Министерството за внатрешни работи да ја продолжи реализацијата на договорот со фабриката за изработка на производи за потребите на ова Министерство, како и да ја разгледа можноста за набавка за нови прозиводи од програмата на оваа компанија.
„Владата исто така го задолжи Министерството за внатрешни работи да изврши репрограмирање на обврските кон ‘Еурокомпозит’ и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со договорот за изработка на производи наменети за потребите на Министерството со цел да се обезбедат финансиски средства за исплата на надоместокот на вработените“, соопшти тогаш Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

