Македонија
Европско и Светско првенство во змејарство летово во Крушево

Од 9 до 21 јули во Крушево ќе се одржи 20. Европско првенство во змејарство класа 1 и 8. Светско првенство во змејарство класа 5 во дисциплината крос кантри .
Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп, село Кривогаштани и регионот на Битола се предвидени местата за слетување и крај (цел) на трките.
Практично во периодот од 9 јули до 21 јули 2018 година Пелагонискиот Регион, а посебно Крушево ќе биде арена во којашто ќе се натпреварува светската елита од 150 пилоти, а Република Македонија по вторпат ќе биде во фокусот на светската воздухопловна спортска јавност и домаќин на околу 300 учесници, пилоти и официјални гости коишто ќе престојуваат две недели во Крушево за време на натпреварите.
Овие две големи првенства претставуваат одлична можност за промоција на нашата земја не само како туристичка туку и како дестинација со одлични услови за слободно летање, особено за организирање натпревари од висок ранг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Несреќа на патот Велес-Градско, сообраќајот е во прекин

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за село Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
На местото на несреќата се врши увид.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, објектот на винарија Брзанов, објектите лоцирани околу винаријата, корисниците лоцирани на влезот во село Трубарево и сточниот пазар во Трубарево. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Партизанска – крак 10. (општина Карпош)