Свет
Големи шумски пожари беснеат во Калифорнија
Во американската сојузна држава Калифорнија од саботата беснее шумски пожар што пожарникарите не можат да го локализираат поради силните ветрови.
Најголемиот пожар северозападно од Сакраменто се прошири и денеска на 28 300 хектари, додека пожарникарите успеаа да локализираат само пет отсто од огнот. Повеќе од 2 100 пожарникари се ангажирани од саботата во гасењето на пожарот.
Калифорниските власти издадоа налог за евакуација на населението во различни зони, а локалните денеска излегоа со апел до населението да внимава бидејќи голем број Американци со огномет и скара го слават Денот на независноста на САД .
Температурата последните денови во Калифорнија се движи околу 40 Целзуисови степени.
Шумски пожари има и во западниот дел на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иранска армија: За прв пат употребивме нова хиперсонична ракета
Нов тип хиперсонична ракета за прв пат е употребена во вчерашниот напад врз Израел, соопшти иранската Револуционерна гарда.
Во соопштението, корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, тврди дека 90 отсто од неговите проектили успешно ги погодиле целите. Ова е во спротивност со израелските извештаи. И советникот за национална безбедност на Белата куќа го нарече нападот „неефикасен“.
ИРГЦ соопшти дека ракетата Фатах, која беше дизајнирана и произведена од Техеран и претставена минатата година, била дел од баражот оган што ги погодил израелските градови. Името на проектилот на арапски значи „освојувач“ или „донесувач на победата“.
📹 اصابت موشکی که برخی منابع ادعا کردند موشک هایپرسونیک فتاح ۱ است#اسرائیل_سقطت pic.twitter.com/uzUx9fSJ1C
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) October 1, 2024
Минатата година се најде на насловните страници откако се појавија извештаи дека проектилот може да носи нуклеарни боеви глави доколку е потребно, иако тоа не е потврдено.
Свет
(Видео) Моментот кога огромен број ракети се појавија над Тел Авив и Ерусалим
Иран вчера попладне лансираше стотици ракети кон Израел. Според Израел, биле истрелани речиси 200 ракети. Ракетите се појавија над Израел нешто по 18 часот.
Сирените се огласија низ Израел.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги повикаа Израелците „да останат внимателни и прецизно да ги следат упатствата на Командата за цивилна заштита“.
📹 اصابت موشکی که برخی منابع ادعا کردند موشک هایپرسونیک فتاح ۱ است#اسرائیل_سقطت pic.twitter.com/uzUx9fSJ1C
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) October 1, 2024
„Веднаш штом ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до понатамошно известување“, велат тие.
Засега не се знае колку ракети се пресретнати, а колку успеале да ја поминат противвоздушната одбрана. Не се знае колкава е штетата и дали има жртви.
Погледнете ја снимката од моментите кога ракетите се појавија над Тел Авив.
Iran missiles hit Tel Aviv. They must be ballistic missiles as they took minutes to get from Iran to Israel. They have also breached Israeli air defence. pic.twitter.com/WuEB5Bga4j
— Peter Flint (@ShodanSuper) October 1, 2024
Свет
Нетанјаху: Иран направи голема грешка, ќе плати
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе се соочи со последици за неговиот напад ноќеска.
„Иран направи голема грешка вечерва – и тие ќе платат за тоа“, рече Нетанјаху за иранскиот напад, кој истрела околу 200 ракети врз Израел. „Во ракетниот напад, постои и намерна и смртоносна рака зад тој напад – тој доаѓа од Техеран“, додаде тој.
Рече дека „нападот не успеа“, и покрај тврдењата од Техеран дека околу 90 отсто од ракетите ги погодиле нивните цели.
Извештаите од теренот и информациите од САД сугерираат дека огромното мнозинство на проектили биле успешно пресретнати, а Израел допрва треба да пријави каква било штета, повредени или смртни случаи.
Израелските власти веќе ветија „болен одговор“ на својот непријател, при што главниот портпарол на ИДФ рече дека одговорот ќе дојде на начин и во време по нивен избор.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека израелските воздухопловни сили „ќе нападнат силно на Блискиот Исток“.