Македонија
Мапирани диви депонии крај Охридско Езеро
Во рамки на фестивалот „Аларм за природата 2018“, кој во организација на граѓанското здружение „Бивиум“ се одржа минатиот викенд во автокампот Ливадишта, биле детектирани над 15 диви депонии во поблиската околина.
Од граѓанското здружение велат дека голем дел од депониите се наоѓаат во непосредна близина под патот кој ги поврзува селото Радожда и населбата Елен Камен и содржината од депониите се спушта директно во Охридското Езеро претставувајќи сериозна закана за биодиверзитетот на езерото.
Информирани се одговорните лица од Општина Струга и депониите ќе бидат отстранети во некоја од наредните акции за чистење во општината.

Мапирањето на дивите депонии е дел од глобална акција на движењето Let’s do it!, а во Република Македонија се спроведува по иницијатива на граѓанското здружение „Гоу грин“ од Скопје, во пресрет на Светскиот ден на чистење, кој ќе се одржи за првпат ширум светот на 15 септември 2018 година. Граѓаните можат да се вклучат во акцијата за мапирање диви депонии и со употреба на апликацијата изработена за оваа намена и својот мобилен телефон, активно да придонесат за побрзо решавање на овој глобален проблем“, изјави Кирил Шентевски, координатор за мапирање од здружението „Гоу грин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

