Македонија
Заев: Балканот е сменет, се затвораат сите отворени прашања
Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од амбасадорката на Австрија во земјава, Ренате Коблер, во свечената сала во Владата прими група од дваесеттина млади луѓе, кои во организација на Европското движење – Нови Сад, Европскиот фонд за Балкан и австриската амбасада, се на турнеја низ Балканот по повод австриското претседателство со Европската Унија.
Поздравувајќи ги присутните, Заев порача дека Балканот веќе е сменет, и се затвораат сите отворени прашања во насока на обезбедување подобра иднина на младите генерации во државите од Западен Балкан.
Искажувајќи надеж за продолжување на овие процеси под раководство на Австрија и нејзиното раководење со Унијата, тој сподели позитивни впечатоци од средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, на која, како што рече, посведочил посветеност од канцеларот за поддршка на новите реформски текови во земјите од Западен Балкан.
Заев посебно се осврна на постигнатите договори со Република Бугарија и Република Грција за кои како што рече, се плод на пријателство и помирување, а сепак ја гарантираат посебноста и разликите на нашите народите.

„Се надеваме дека ќе направиме подобра иднина за нашите деца. Нашата цел е Европската Унија. Веруваме во европските вредности, можеби повеќе и од некои земји членки на Унијата. Да се верува во стабилност, безбедност, силни институции, кои ќе ги изградиме заедно со вас младите, значи да се верува во иднината“, рече Заев на средбата.
Амбасадорката Коблер, обраќајќи се пред присутните, истакна дека присуството на премиерот Заев на денешната средба е знак на поддршка на овој проект, и дека тоа е знак дека премиерот Заев е на иста линија со младите луѓе кои шират европски вредности на помирување.
Во текот на средбата на премиерот Заев му беше пренесена порака дека има силна поддршка од младите луѓе од земјите од Западен Балкан и Европа за чекорите што ги презема во насока на решавање на чувствителните прашања кои го оптоваруваат регионот. Исто така беа пројавени иницијативи за поголемо вклучување на младинските организации во имплементирањето на постигнатите договори, кои ќе придонесат за зголемување на позитивните ефекти и аспекти, посебно од постигнатиот договор со Грција, преку вмрежување во заеднички проекти во насока на интензивирање на соработката во повеќе сфери од општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

