Македонија
(Видео) Три датуми за референдумот – 23, 30 септември или 7 октомври
Референдум за името ќе се одржи на 23 септември, 30 септември или 7 октомври, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ. Тој откри и како би можело да гласи прашањето за кое граѓаните ќе се изјаснат.
Заев повтори дека референдумот ќе има обврзувачки карактер и дека целта е до 15 јануари да се завршат сите предвидени обврски,
„Ако биде порано, тоа е добро. Дури сакаме да завршиме пред божиќните празници коишто се слават, дури и пред Нова година и во тој аспект затоа оставаме 3 месеци. Согласно со нашиот Устав и законите, потребни ни се стотина дена. Затоа е поставен 15 јануари“, вели Заев.
Тој во интервјуто ги открива и можните прашања на референдумот.
„Убеден сум дека народот ќе биде за договорот со Грција заради тоа што прашањето веројатно ќе биде ‘Дали сте за Европската Унија и за НАТО и за поддршка на договорот со Грција?’. Веројатно во тој правец ќе биде заради тоа што едно со друго кај нас е поврзано и од таков аспект граѓаните кога ќе го дадат својот глас, политичарите, владата, парламентот, претседателот на државата сме должни да го почитуваме. Или можеби прашањето ќе биде ‘Дали сте за Европската унија и НАТО поддржувајќи го името Република Северна Македонија?’, заради тоа што тоа е договорот. Верувам дека граѓаните ќе бидат целосно позитивни“, вели Заев.
Со успешниот референдум, додава тој, јас сум убеден дека сите во парламентот ќе го послушаат народот што кажува на референдум и така ќе гласаат. „Тоа денеска го добиваме како порака дури и од претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов дека ако референдумот е успешен, секако и тој ќе ги поддржи и договорот со Грција и сето она што е следна фаза, а и опозицијата исто така“, вели Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

